29.9 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаГруби вети автопат до Тирана со шест ленти !!!

Груби вети автопат до Тирана со шест ленти !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Автопатот од Кичево до Охрид стана вечен проект, веќе шеста година од владеењето на СДСМ и ДУИ, роковите од 2019, 2021 се пробиени, а изгледа и 2023 нема да се оствари имајќи ја ситуацијата на терен, додека се поизвесно е дека новиот рок за завршување ќе биде 2026 година.

<

Стои во место и автопатот од Скопје до Блаце во должина од само 10 километри, но во таква ситуација вицепремиерот Артан Груби вети автопат со 6 ленти до Тирана.

Потпретседателот на Владата за политички систем и односи меѓу заедниците, денес во Тирана потпиша договор за соработка меѓу Владата на Македонија и Владата на Албанија за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортот на стоки меѓу двете земји.

Според Груби, овој проект ги надминува димензиите на национален проект и е од стратешко значење за развојот на Западен Балкан, а со него се предвидува изградба на автопат со 6 ленти од Скопје до Ќафасан, со што растојанието помеѓу Скопје и Тирана ќе се намали на 2,5 часа,а меѓу Скопје и Валона на 3 часа.

-За максимално искористување на пристапот до пристаништето, планираме да ја започнеме и железничката врска Скопје – Кичево – Поградец – Драч. Во јануари ги спојуваме двете гранични контроли во една, со цел конечно да ги отстраниме границите меѓу нас. Ја градиме и интерконективната енергетска врска меѓу нас со два проекта, трафостаница во Охрид и високонапонска врска Битола-Елбасан.

-Бројни се скептиците кои не веруваат во реализација на проектите што ги имаме започнато за да бидеме заедно, за да ги отстраниме границите меѓу нас, бројни се и ќе бидат оние кои ќе се обидат да направат опструкции, да ја потценат нивната тежина, но наша должност е да продолжиме со работа размислувајќи за идните генерации и за она што можеме да им го оставиме денес како наследство и основа за здрава иднина, рече Груби во Тирана.

Тој додаде дека со премиерот Рама на заедничката седница меѓу нашите две влади било разговарано и за изградбата на суво пристаниште во градот Струга, нова и креативна димензија на комуникација која е придонесе за зајакнување на трговската размена меѓу двете земји и е составен дел од изградбата на новото пристаниште Драч.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...

Повторно пожар во Кочани- Гори фабриката за стиропор.

Голем пожар избил во фабрика за производство на изолациски материјали од стиропор во Кочани. Според информациите, има голема материјална штета. Од Територијалната противпожарна единица во Кочани...