31.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаПремиерот и министрите догодина со поголеми плати

Премиерот и министрите догодина со поголеми плати

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонскиот премиер и министрите се меѓу функционерите во регионот и во Европа кои имаат најниски плати.

<

Македонскиот премиер и министрите се меѓу функционерите во регионот и во Европа кои имаат најниски плати. Приближно колку македонските министри се платени носителите на јавни функции во соседна Србија, a сите останати во Европа имаат повисоки плати. Во соседството, повисоки плати имаат и премиерите и министрите на Грција, Албанија и на Бугарија, додека платите во Владата на Србија се приближно колку и македонските.

Информацијата за платите на македонските министри и на премиерот беше обелоденета откако деновиве беше најавено дека Владата и министерствата, како и државните агенции, следната година ќе земаат поголема плата.
Според последните објавени податоци, кои ги пренесоа дел од медиумите, премиерот Димитар Ковачевски има плата од 88 260 денари или без малку 1 500 евра, додека платите на вицепремиерите и на министрите се околу 70 илјади денари или речиси 1 200 евра. Тоа е речиси двојно помалку од она што како плата го добиваат нивните косовски колеги. Во Косово, платата на премиерот изнесува 2 950 евра, на вицепремиерите е околу 2 500 евра, додека министрите имаат плати од по 2 000 евра.

Ако овие плати на македонските министри се споредат со владите од земјите во ЕУ, разликата е уште подрастична. Така, на пример, платата на канцеларот во Австрија изнесува 22 640 евра, додека на министрите таа е нешто над 18 000 евра, односно дури за над десет пати поголеми од примањата на македонските министри.https://nezavisen.mk/

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...