17.7 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаАли Ахмети: Дадов сè од мојот живот за независност за Косово и...

Али Ахмети: Дадов сè од мојот живот за независност за Косово и не се пазарам за неговите граници

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лидерот на ДУИ вели дека не се пазари за границите на Косово затоа што “тие парчиња земја се крвта на неговата крв“.

<

Неговата изјава доаѓа откако тој вчера во анализа објавена од Академијата на науките и уметностите на Косово беше апострофиран како еден од лидерите на македонските Албанци кој мирно би прифатил поделба на Косово.

„Без разлика на изјавите или анализите што се прават дека наводно сум бил за промена на границите на Косово, јас уште како млад дадов сè од мојот живот за таа независност и за тие граници на Косово и не се пазарам за тие парчиња од земјата што е крвта на мојата крв и крвта на моите пријатели“, вели Ахмети, пренесува Алсат ТВ.

Документот од косовската академија, за кои во медиумите во Косово и регионот се водат жестоки полемики, се состои од 39 страници и во него се зборува за идејата за поделба на Косово.

Според анализата насловена „дестабилизирачки намери на Србија на Косово и на Западен Балкан“, Али Ахмети бил до некаде резервиран околу идејата за прекројување на границите, која во 2018 година беше актуализирана од поранешниот претседател Хашим Тачи. Ахмети целата оваа иницијатива на Тачи ја опишал како „медиумска дебата“, нагласувајќи дека е потребна демаркација на границата со Србија. Академијата дури го обвинува Ахмети и за дефакторизирање на Албанците во Македонија после Договорот од Преспа. Во анализата се вели дека Албанците веќе не се релевантни, особено во надворешната политика, иако во моментов министер за надворешни работи е Бујар Османи.

KURIR

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...