14.9 C
Ohrid
сабота, мај 11, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонски манифест: Јавно обраќање до македонскиот народ по повод полициската репресија на...

Македонски манифест: Јавно обраќање до македонскиот народ по повод полициската репресија на Владата на Заев во Волино

Демонстрација на идентификацискиот фашизам

Македонски манифест најенергично ја осудува полициската репресија на владата на Заев врз жителите на Волино, кои решија да бидат отпор на идентитетскиот геноцид над Македонците, подготвен од цивилизациската перверзија на Брисел и домашните квислинзи. Тие, храбри и доблесни Македонци, решија да се спротивстават на бришењето на еден од архетипите на македонската исконска меморија-Сонцето од Кутлеш, кое им се подарува беневолентно на грчките хиени, иако тие тој симбол никогаш не го поседувале и за свој знак го имале бувот, симболот на ноќта, а кај Македонците вестител на смртта и тагата.

Тоа може да се провери и кај Грејвс, еден од најголемите зналци на античката, таканаречена грчка митологија, и кај старогрчкиот комедиограф Аристофан, кај мајсторот на античката трагедија Есхил, па и кај многу речници на симболи на Западната цивилизација, која сега преку нејзините сезнајни жални политичари сака таа вистина да ја замачка и скрие. Арно ама архетипските симболи се отпорни на таквиот вид на перверзно замачкување, како што се прави сега тоа и со Шеснаестозрачното Сонце од Кутлеш, исконски македонски симбол, затоа што Македонците, имено, како што вели и апостол Павле во своите Посланија до Солуњаните и Филипјаните се “синови на светлината“, кандила што горат во “расипаниот свет“. А Грците со нивниот архетип, симболот на бувот се синови на ноќта, на ноќното сонце што се покажа како несреќа за Македонците.

Македонски манифест ги поздравува жителите на Волино и ги охрабрува во нивниот отпор кон идентитетскиот геноцид што го спроведуваат врз Македонците Брисел и Вашингтон заедно со квислиншката влада на Заев. Тоа е почеток на семакедонскиот отпор кон тој страшен идентитетски геноцид над цел еден древен народ со милениумски континуитет на постоење за што сведочи и Библијата, најважниот не само религиозен туку и антрополошки и културолошки документ на Западната цивилизација. Браво Волинци, така се чува самопочитта и брани идентитетот и по катастрофата врз него.

Таа катастрофа е резултат на повампирениот еврофашизам, на кој му се приклучува и грчкиот кој заедно со бомбардерите полни со смрт на Черчил 1948 фашистички ги чистеше Македонците од родните огништа и гробовите на предците и прапретците. Е, тој геноциден фашизам над Македонците сега е повторно присутен од страна на вавилонската ороспија Европа и Грција, како и на другите околни балкански хиени, кои таа ги користи за конечна смрт на Македонија и Македонците. За жал, пак, во тој геноциден проект за ништење на македонскиот генерички идентитет Брисел и Вашингтон сега ја искористи максимално и македонската влада на Заев, инсталирана за таа мрачна цел од нив.

Волинци храбро се спротивставија на тоа, иако перверзната влада на Заев го маскира во своја полза инцидентот, и Македонски манифест уште еднаш ги поздравува за тој доблесен чин, повикувајќи ги сите доблесни Македонци да застанат во општ отпор против идентитетскиот геноцид и фашизам против нив на Брисел, Вашингтон, Грција и квислиншката фашизоидна влада на Зоран Заев, Шеќеринска и Димитров. Тоа. Македонски манифест наскоро ќе го посети со древниот македонски симбол, Шеснаестозрачното сонце од Кутлеш, поточно од срцето на античка Македонија, Волино и неговите доблесни Македонци како алка за врзување на големиот синџир на македонскиот отпор против евро и амеро, но и против домашниот идентитетски фашизам што го промовира владата на Зоран Заев.

Интегрално соопштение на Македонски Манифест

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

10 лица од Непал вработени во тетовски ресторан преку ноќ побегнале !!

Вчера во 13.30 часот во СВР Тетово, Б.И.(29) од тетовско Долно Палчиште, менаџер во угостителски објект во Тетово, пријавила дека од објектот се оддалечиле...

37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“,

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”. - На ден 11.05.2023 година на ул....

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда. Тој објасни...

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ПО ПОРАЗОТ: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и...