27.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЗа влакно избегната трагедија: Залутан куршум го погоди комбето на хуманитарната органзација...

За влакно избегната трагедија: Залутан куршум го погоди комбето на хуманитарната органзација “Свети Спас”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Немил настан се случил вчера во Охрид кога залутан куршум го погодил комбето на хуманитарната организација “Свети Спас” од Драчево. Како што објасни Отец Оливер на Фејсбук во инцидентот за среќа нема повредени, но апелира никој да не си игра со оружје.

<

Денес го посетивме Македонскиот Ерусалим, нашиот прекрасен Охрид, каде што кај нашите волонтери отец Aleksandar Dimoski и отец Romeo PetreskiPadre доставивме вкупно 372 новогодишни пакетчиња кои тие во наредбите денови ќе ги достават до здруженијата Тајните на моето срце, Порака нова, до дечињата од Голо Брдо, семејствата од нашата програма за помош…

За жал, возејќи кон Охрид, имавме мала непријатност… Некој си играл со огнено оружје и залутан куршум го погоди нашето комбе, оштетувајќи ја шофершајбната. Благодарение на Бога, нема повредени во инцидентов, но ова е доказ дека не треба да си играме со оружје и да пукаме во воздух затоа што зрното мора да падне некаде…

Бог нека ни дарува разум за да знаеме што смееме, а што не смееме да правиме во светов!

Бог да ве благослови!!! – напиша Отец Оливер на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Талески: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има во Македонија.

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер за здравство, власта ќе...

Наскоро во Македонија лична карта и возачка дозвола во телефон!

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат...

Азир Алиу изгласан за нов министер за здравство

Премиерот Христијан Мицкоски претходно во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето...

Почина работникот од Кина кој падна од платформа кај селото Требеништа, при изградба на автопатот Кичево Охрид.

По пет дена борба за живот, работникот од Кина кој беше тешко повреден при изведба на градежни работи на автопатот Охрид – Кичево, вчера...