13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаАпел за помош на 33-годишната Јана од Охрид која веќе петта година...

Апел за помош на 33-годишната Јана од Охрид која веќе петта година се бори со редок вид на рак

Ајде да ги здружиме силите и заедно да ѝ помогнеме на Јана Арсовска. 33-годишната девојка од Охрид веќе петта година се бори со редок вид на рак.

Во 2015 година, на Јана ѝ била дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.

Јана Арсовска
Отворете го срцето и помогнете ѝ на храбрата и позитивна охриѓанка:

Броеви за донирање од Македонија:

T-Mobile: 143 143

А1: 143 467

За донации од Македонија:

Жиро-сметка: 5305-0001-0490-410
Банка: Охридска Банка
За донации надвор од Македонија:

IBAN: MK07530280003077681

SWIFT: OHRDMK22

Адресата на Јана, за банкарските трансакции е:

Јана Арсовска,
ул. Ѓорче Петров 14 г
6000 Охрид, Македонија
Можете да донирате и на следниот линк:

gofundme.com/hopeforjana

ПАТОТ ДОСЕГА…

Јана веќе петта година храбро се бори со еден премногу редок вид на канцер. Се работи за „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е толку редок што тешко се прави и статистичка споредба, но во САД отприлика пресметале дека се јавува кај секој 1 на 12 МИЛИОНИ луѓе.

После дијагнозата во Македонија во 2015 и операцијата во Скопје при која ѝ беше отстранет левиот бубрег и надбубрежната лезија, Јана двапати се лекуваше во Флензбург, Германија (2016 и 2018), со поддршка од Фондот за здравствено осигурување. После две трансплатации на коскена срж, состојбата е следна: во нејзиното тело по втората трансплатација се уште имаше (под 1% во јануари 2019) малигни клетки на реткиот тумор.

ИТНАТА ПРЕПОРАКА ОД ГЕРМАНИЈА НЕ БЕШЕ ИТНО УСВОЕНА

Лекарите од клиниката во Флензбург препорачаа ИТНА имунотерапија за Јана која по децениски истражувања низ целиот свет покажала резултати и станал дел од протоколите за лекување на оваа болест во огромен број земји во светот, чиј број се зголемува постојано.

Но, поради реткоста на болеста, во Македонија ниту најстручните лица не знаат премногу за истата и за протоколите за лекување, па и покрај итните назнаки од Германската клиника, објаснувањето со луѓето од ФЗО околу оправданоста на барањето за поддршка поради докажаните резултати од имунотерапијата оди со… побавно темпо. За разлика од темпото со кое ваквите болести обично дејствуваат во организмот на еден човек.

ВРЕМЕ Е ЗА АКЦИЈА, ХУМАНОСТА ЌЕ ПОБЕДИ

Имајќи предвид дека секој ден, секој миг е значаен, ние, семејството и пријателите на Јана, се одлучивме дека НЕ СМЕЕМЕ ПОВЕЌЕ ДА ЧЕКАМЕ и дека мора да започнеме голема акција со која секој од нас ќе донира малку, но тоа на крај за Јана ќе е исклучително многу.

И притоа, под малку или многу, не мислиме на парите кои се донираат. За некого 100 денари значат доста, за некого се кусур кој е незабележлив. Но, гестот да се помогне на човек кој храбро со години се бори со тешка и опасна болест едноставно нема цена. Чувството дека само кога им помагаме на другите сме навистина живи со целиот наш потенцијал, хумани и грижливи едни за други, е одлика на сите добри луѓе со огромни срца низ целиот свет.

Затоа, иако сумата која треба да се собере за лекувањето во клиниката „Ст. Жоан де Деу“ во Барселона, која прифати да ја лекува јана, не е мала (213.329 €), УБЕДЕНИ сме како во ништо досега, дека собирањето на овие средства е возможно и дека ќе го сториме тоа, сите заедно, сите како еден – за храбрата и силна Јана.

ПАТОТ НЕ Е ЛЕСЕН, НО СИГУРНО ЌЕ УСПЕЕМЕ!

И досега хуманоста на цела Македонија се покажала неброено многу пати, и досега хуманите срца чукале силно за Јана. Сега, уште еднаш, ги молиме сите добри и хумани луѓе да одвојат дел од сопственото и да донираат надеж за некој друг. За нашата Јана. Да донираат сила за нејзината битка, да донираат љубов и добрина кои ќе и помогнат да го совлада и овој голем предизвик. Таа може! Покажала и докажала дека е голем борец. Но, во овие моменти нашата заедничка помош и е многу многу потребна, бидејќи ова е момент во кој се потсетуваме дека никој не може сам на овој свет, но и дека кога сме обединети и со заедничка хумана цел, нема сила која може да и застане на патот таа цел.

Човечкиот живот нема цена. Но, постојат моменти кога „светот“ ставил некаква цена на надежта за извојување победа во вакви големи битки. После оваа хумана акција, животот на Јана ќе биде голем сведок како многумина кои не се познаваат меѓу себе, се собрале и помогнале за да може една млада девојка да го продолжи својот животен пат и покрај сите пречки и предизвици. Нема толку висока планина која не можеме да ја искачиме заедно, кога сме хумани и сплотени. Кога сме добро организирани.

ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ СО ДОБРО ДЕЛО, ДОНИРАЈТЕ НАДЕЖ ЗА ЈАНА!

Затоа, ве молиме и ве повикуваме да се приклучите кон оваа акција. Споделувајте постови од оваа страна, зборувајте со луѓе кои ги познавате, компании кои би сакале да помогнат, фондации, медиуми. Секој кој било како може да помогне, е повеќе од добредојден. Секаква идеја, секаква акција… Да бидеме како едно, за нашата храбра Јана.

Заедно ќе успееме, ама сигурно ќе успееме, и Јана ќе ни биде жива, здрава и насмеана! 🙂

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ОД СРЦЕ!

Семејството и пријатели на Јана Арсовска.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...