5.4 C
Ohrid
сабота, јануари 11, 2025
ПочетнаМакедонијаХуман потег на кавадарчанец кој го фатил светиот крст за Водици

Хуман потег на кавадарчанец кој го фатил светиот крст за Водици

spot_img

Се чувствуваш возбудено, чекаш нестрпливо крстот да биде фрлен во осветените води на Водици. Па и ако го фатиш, чувството тешко се опишува со зборови. Тогаш си најсреќен човек. Таа среќа се памети и се споменува. Забораваш на студената вода околу тебе, магијата на божествениот миг ти ги грее и телото и душата, раскажува за МИА младиот Дарко Недев, кој го има фатено светиот крст во реката Луда Мара во Кавадарци.

– Од малечок знам за оваа традиција. Од мали нозе сум слушал дека на 19 јануари се празнува еден од најголемите христијански празници. Кога се осветуваат водите, а луѓето си полнат од светата вода за здравје, среќа и бериќет. И отсекогаш во мене тлееше желбата и јас да бидам дел од масовната манифестација на фрлање по светиот крст во зимски услови, се присетува 21-годишниот кавадарчанец.

Во 2019 година, на 17-годишна возраст, за прв пат одлучил да влезе во студената вода на реката, за да го фати осветениот крст. Заедно со еден од неговите другари. И успеал.

Пред да се случи еден од најубавите денови во мојот живот, неколку дена по ред сонував како јас навистина успевам пред сите други да дојдам до крстот во студените води. На крај, ми се оствари желбата, сонот ми стана јаве. Од прв обид, успех, со многу љубов за тој посебен момент, вели Недев.

Имал единствена желба, да биде здрав и среќен. Но, истото им го посакува и на сите други, затоа што, како што нагласи, не е убаво човек да е среќен, ако, околу себе да гледа тажни лица.

Спојувајќи ги религијата и хуманоста, тој и навивачката група Лозари Исток, на која припаѓа, утредента организираат хумана акција. На штандот на кој кавадарчани имаа можност да го целиваат светиот крст кој беше потопен во водите на реката Луда Мара, беа собрани пари, кои подоцна беа донирани за кавадарчанка која имаше потреба од лекување.

Три пати досега, Недев бил непосреден учесник во случувањата за Водици, заедно со својот другар. Годинава по четврти пат ќе ја почувствуваат мистеријата на водата на Луда Мара.

– Кога прв пат успеав, моите најблиски беа исто така многу среќни. Ми открија дека стравувале дали ќе успеам, со оглед на големиот број заинтересирани за фаќање на светиот крст, па и повозрасни од мене. Но, ете, судбината беше на моја страна. Би сакал повторно да ја почувствувам таа убавина со крстот во рака меѓу маса народ, вели Недев.

Со учеството во традицијата, тој упатува порака дека само со ширење на љубов и позитивна енергија наоколу, можеме да ги задржиме вистинските човечки вредности.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охридски газда изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер.

Охридската компанија Тамаро, водечкиот локален ланец маркети, изненади тројца од своите вработени кои имаат најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер. Билјана Стевановиќ...

Доколку не успееме да ги собереме средствата за лекувањето кое е многу скапо не би сакал да помислам што ме очекува во иднина.

"Доколку не успееме да ги собереме средствата за лекувањето кое е многу скапо не би сакал да помислам што ме очекува во иднина......

На заминување Груби ги собрал филџаните за кафе и чашите..

Министерот за политички систем и односи помеѓу заедниците Иван Стоилковиќ во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски вели дека „на заминување“ е направена вистинска чистка и...

Од што се исплаши ДУИ?! Избришана снимката со Али Ахмети во униформа на УЧК

Видеото со Ахмети во униформа на УЧК, кое се споделуваше од членови на ДУИ, беше избришано од интернет. На снимката, лидерот на ДУИ тврди...