26.9 C
Ohrid
петок, јуни 6, 2025
ПочетнаМакедонијаПендаровски не се плаши од атентат по заканите на Џамбаски...

Пендаровски не се плаши од атентат по заканите на Џамбаски…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот Стево Пендаровски вели дека не се чувствуа загрозен за личната безбедност по изјавите на бугарскиот еврпратеник Ангел Џамбаски.

<

-Се шегував на оваа тема, само треба да ги изгаснеме светлата, затоа сме на една ваква локација, длабоко во шума скриени и секоја вечер откако Џамбаски ја даде таа изјава, спијам во различен стан. Се разбира, се шегувам, одговори Пендаровски на прашањето дали се чувствува безбеден.

Пендаровски додаде и дека и не е подигнато нивото на готовност, за неговата безбедност.

-Новиот Владо Черноземски, како што самиот се претставува, беше во оваа иста сала, пред три години, кога беше дел од делегацијата предводена од Бојко Борисов, за 2 Август. Него практично го немаше нигде, и Борисов, кој тогаш беше премиер, кон него се однесуваше како последно дупче на свиралче. Апсолутно не му даде да зборува. Само во еден момент кога ме праша Борисов што препорачуваш, што забележуваш од наша страна, а тоа беше првата година после затоплување на односите, кој го расипува овој тренд, јас му кажав овие што седат лево и десно од тебе, Ковачев и Џамбаски, затоа што од сабајле до вечер на Фејсбук пишуваат против нас. Потоа тој се сврте накај Џамбаски и му рече „Од утре ниедна објава на Фејсбук, разбра?”, кажа Пендаровски.

На прашање за отсуство на реакции за изјавите на Џамбаски, Пендаровски вели дека имаше јасна осуда од евроамбасадорот Гир.

-Тој рече дека таква реторика не е прифатлива кон шеф на една суверена држава и сметам дека тоа е повеќе од доволно, бидејќи тоа и е европски став, дециден е Пендаровски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено, тоа не е политичка партија

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил пишува дека нема да дозволи селото Муртино да биде заборавено. Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во...

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Општина Кочани најави дека започнува со уривање на дивоградбите во градот, а трошоците планира да ги наплати од сопствениците на дивоизградените објекти. По трагедијата што...

Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

Муслиманите во Македонија и ширум светот денеска го слават Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам (Фитр Бајрам). За да...