6.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаНајдолгата потрага по исчезнато лице во Македонија трае цели 40 години

Најдолгата потрага по исчезнато лице во Македонија трае цели 40 години

spot_img

Петар, Рада, Никола, Виолета, Соња, Снежана…Навидум, само обични имиња, но за нивните семејства се деца, мајки и татковци што исчезнале и никогаш повеќе не се вратиле. Ги има на возраст од пет до 90 години.

Секојдневно на бандери, на автобуските постојки и на социјалните мрежи можат да се забележат фотографии од исчезнати лица, кои заминале од дома и никогаш повеќе не се појавиле на домашниот праг- Пишува Ирена Мулачка за ФОКУС

Вообичаено, под секоја фотографија пишува име и презиме на исчезнатото лице, во што биле облечени кога излегле од дома, во кој правец тргнале, како и телефонски број за контакт од член од најблиско семејство.

Според досегашната пракса, дел од нив се пронаоѓаат по неколку дена, некои се најдени живи, а некои мртви. Но, дел од исчезнатите никогаш не се пронајдени.

Со текот на годините, повеќето паднаа во заборав од јавноста, но и од институциите. Каде се, дали се во земјава, дали се живи и што се случило со нив, останува целосна енигма за нивните семејства, кои го продолжуваат својот живот во агонија.

На официјалната страница на Министерството за внатрешни работи, на листата за исчезнати лица може да се најдат имињата на 68 луѓе на различни возрасти.

Меѓу нив се и четири малолетни деца, од кои најмалото има само една година. Најдолгата потрага по исчезнато лице трае речиси 40 години, поточно од 1 ноември, 1983 година.

Нивните фотографии, некои црно-бели, на кои едвај може да им се распознае ликот, сѐ уште сведочат за страшната судбина што ги снашла. Штом и по толку години не се тргнати од листата, нивната судбина може да се насети.

Алармантни податоци „Фокус“ објави за исчезнати лица во малото гратче Кочани, кое брои околу 38.000 жители. Во изминативе години, таму исчезнале 6 лица, кои никогаш не биле пронајдени. Повеќето од нив се на возраст од 32 до 60 години. Излегле од дома, но никогаш не се вратиле.

Ниту еден од случаите не добил разрешница, па само фотографиите останале спомен дека овие луѓе некогаш постоеле. И покрај големата болка дека можеби нема да ги видат, нивните роднини ги мачи прашањето што се случило со нивните блиски, кои како да пропаднале во земја.
Извор Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...