19.9 C
Ohrid
среда, јуни 11, 2025
ПочетнаМакедонијаГаздите бараат да плаќаат боледување само за 15 дена

Газдите бараат да плаќаат боледување само за 15 дена

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од 30 на максимум 15 дена, да се намали бројот на денови што се плаќаат за боледување, а се на товар на работодавачите, бараат текстилните и кожарските компании.

<

Од 30 на максимум 15 дена, да се намали бројот на денови што се плаќаат за боледување, а се на товар на работодавачите, бараат текстилните и кожарските компании. Ангел Димитров, претседател на Здружението што ги застапува интересите на овие два сектора, вели дека сè почесто добиваат поплаки од работодавачите за злоупотреба на боледувањата и дека оваа појава е почеста во летниот период. Според Димитров, чесно е да се каже дека лажните боледувања не се феномен само на приватниот сектор.

– Одат во странство, работат на нива, а по истекот на еден месец, паузираат ден или два, сè додека матичните лекари не им отворат ново боледување со нова дијагноза. Работата во овие два сектора е врзана со рокови. Во приватниот сектор не сте во позиција да имате неколку вработени на едно работно место, туку секое работно место е испланирано, така што отсуството на еден вработен го чувствуваат и работодавачот и колегите. Ние не можеме да знаеме колку ќе трае боледувањето, сакаме да ја завршиме работата навреме, а згора на тоа не можеме прекуноќ да најдеме нови работници – вели Димитров.

Тој открива дека во новиот Закон за работни односи посебно се третира оваа проблематика, но е скептичен дали Фондот за здравство има доволно време и вработени за да ги заврши контролите во реално време.

– Дали ќе биде возможно да се контролираат сите боледувања? Едни се отвораат, други се прекинуваат. Нам ни треба да се открие злоупотребата веднаш, а не по три месеци. Затоа и бараме скратување на боледувањата што одат на наш товар, односно наместо 30 на 15 дена – објаснува Димитров.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се роди Сара: Апасиев денес стана горд татко.

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави дека добил ќерка. „Се роди Сара“, купо напиша Апасиев. Луѓето му честитаат, а...

Јаневска: Економијата добро се движи, верувам дека дел од иселените ќе се вратат

Минатата година недостасуваа 17 илјади ученици и студенти кои се иселени во последните 7 години, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Секако...

Левица: 73 отсто од учениците се функционално неписмени

Со години наназад бројот на ученици во македонските училишта опаѓа, а бројот на наставници континуирано расте. Само оваа година, споредено со претходната, во училиштата...

Пецаков им посака успешни игри на пензионерите на Регионалните спортски игри за пензионери.

Имав чест денес да ги поздравам и да им посакам успешни игри на пензионерите на Регионалните спортски игри за пензионери. Особено сум горд што токму...