22.9 C
Ohrid
вторник, мај 21, 2024
ПочетнаМакедонијаМинистерот Спасовски, горд на сите полициски службеници : Македонската полиција никогаш нема...

Министерот Спасовски, горд на сите полициски службеници : Македонската полиција никогаш нема да дозволи понижување на македонскиот народ.

Горд сум на професионалноста на сите полициски службеници на граничниот премин Деве Баир.

Дозволете да оддадам признание и да упатам честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР при исклучително добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.

Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.

Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев.

И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ!

Ви благодарам!
МВР за ГРАЃАНИТЕ! 🇲🇰

Напиша Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните медиуми.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Не сум бил во бегство и не смеам да зборувам за истрагата“, вели Палевски !!

Денеска во Основниот кривичен суд, пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски. Палевски...

Палевски спроведен пред судија на претходна постапка

Љупчо Палевски Палчо попладнево е однесен пред судија на претходна постапка. Палевски е осомничен дека за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој е...

ДНК снимија песна во чест на починатите пријатели Мирко и Марјан

Популарното дуо ДНК ја промовираше новата песна ,,Животе брате” која е создадена во чест на нивните пријатели Мирко Петровски и Марјан Михајловски Маци, кои...

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камени мост – засега не е познат неговиот идентитет

Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата, во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот...