2.9 C
Ohrid
петок, декември 20, 2024
ПочетнаСветВо Финска работникот бира кога ќе дојде на работа и од каде...

Во Финска работникот бира кога ќе дојде на работа и од каде ќе работи

spot_img

Секое утро, милиони луѓе поминуваат десетици километри за да стигнат на работа во најголемите светски градови и на крајот од денот се враќаат дома. Можноста работите да се одвиваат поинаку за многумина претставува неостварлив сон. Но, во Финска тоа е реалност.

Финска е со години наназад на чело според флексибилноста која ја имаат вработените на своите работни места. Од средината на 90-тите, Законот за работно време им овозможува на Финците самостојно да го организираат својот работен ден со тоа што би започнале или завршиле три часа порано или подооцна.

Оттогаш, флексибилноста како да стана дел од културата. Според едно глобално истражување спроведено во 2011 година, 9 од 10 фински компании на своите вработени им нудат флексибилно работно време.

Во 2020 година нов закон за поголема флексибилност
Новиот закон кој стапува на сила на почетокот на 2020 година, ќе ја направи 40-часовната работна недела уште пофлексибилна.

Имено, вработените ќе можат барем за половина од своето работно да одлучат каде и кога ќе работат. Освен тоа што ќе можат да го прилагодат своето работно време за да се грижат за семејството или да одат во теретана, работниците со полно работно време ќе можат да акумулираат и слободни денови и истите да ги искористат за продолжен одмор.

Секојдневните патувања до градовите можат да станат непотребни бидејќи со новите правила се овозможува да се работи од далечина.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Детската клиника и директорот ќе платат само парична казна – Не образложиле написмено зошто не го примиле бебето кое почина

Клиниката за детски болести и директорот д-р Реџеп Мемеди ќе треба да платат казна оти не издале писмено образложение за причините за одбивањето на...

Автобус преагази крави на автопатот Скопје Тетово !!!

Бизарна сообраќајна несреќа се случила доцна попладнево – автобус удрил во стадо крави кое слободно се движело на автопатот Скопје-Тетово, објави ТВ21.   Засега нема информации за...

ГРУБИ БИЛ ЗАВЕДЕН КАКО ПЕШАК НА „БЛАЦЕ“ ОТКАКО ПОЛИЦАЈЦИТЕ НЕ ПРОВЕРИЛЕ ВО СИСТЕМОТ ДЕКА ТРЕБА ДА ГО ЗАДРЖАТ

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди покрена постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина против полицајците од граничниот...

Илире Даути повторно го блокира Законот за бранители

Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути денеска повторно ја прекина седницата откако пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ побара како...