16.4 C
Ohrid
вторник, август 5, 2025
ПочетнаМакедонијаСредба на градоначалникот Пецаков со претседателот и со генералниот секретар на ИПА...

Средба на градоначалникот Пецаков со претседателот и со генералниот секретар на ИПА Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, м-р Стефан Димоски и генералниот секретар Игор Смилески, викендов остварија средба со градоначалникотна Охрид, Кирил Пецаков.

<

Во знак на благодарност за неговата континуирана поддршка во работата на ИПА Охрид, претседателот Стефан Димоски, на градоначалникот Кирил Пецаков, во името на охридските ИПА членови, му врачи плакета за посебен придонес во развојот на ИПА Охрид.

На средбата, на градоначалникот му беше презентирана кратка збирна информација за домашните и меѓународни активности во текот на минатата 2022 година кога ИПА Охрид беше домаќини на ИПА делегациите од Нови Сад-Србија и ИПА Егнатија-Република Албанија со кои, оствари ИПА збратимување како и на делегациите од ИПА Австралија, ИПА Естонија и ИПА Златиборска-Република Србија.

Во разговорот, градоначалникот Пецаков беше запознат дека 2023 е седма година по ред, како ИПА Охрид ќе продолжи со активности за промовирање на идејата и потребата од изградба на современа, модерна и безбедна вело-патека помеѓу Охрид и Струга. Во таа насока, поканувајќи го да биде учесник, градоначалникот Пецаков беше информиран дека во почетокот на мај, членови на ИПА Охрид и Струга како и граѓани-вело вљубеници, со велосипеди, по седми пат, ќе ја возат релацијата Охрид-Струга-Радожда. Беше побарана поддршка зошто, вело патека помеѓу Охрид и Струга не е желба само на ИПА членовите туку и на армија граѓани од Охрид, Струга и цела Македонија, но и на илјадниците туристи кои го посетуваат охридско-струшкото крајбрежје.

Прифаќајќи ја поканата и заблагодарувајќи се на високото ИПА признание, градоначалникот Пецаков, истакна дека тој и општина Охрид, продолжуваат со поддршката, остануваат пријатели на ИПА Охрид и дека, меѓународната ИПА полициската соработка, претставува можност за афирмација на Охрид а посебно на професионален план, значи чекор плус кон подигнување на степенот на безбедноста во нашите средини и пошироко.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерот Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на „Вести Плус“ порача дека ќе се прекине партизацијата во МВР, а институциите ќе функционираат врз...

РВР бренд му подари уникатни патики на Џејсон Деруло

Светски познатиот пејач Џејсон Деруло, по повод својот прв концерт во Македонија, доби ексклузивен и персонализиран подарок – рачно изработени Nike Air Force 1...

Михаилов: Едно запалено глувче, или запалена опашка на една лисица, може да го рашири пожарот !!

Заменик директорот на Национални шуми Кирил Михаилов во гостување во вестите на Сител изјави дека овие месеци видел сешто, па имало случаи кога запалено...

Поради енормна бучава, полицијата во Струга заплени „ламборџини“, БМВ и „ауди“

Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Возилата денеска...