25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаОд толку големи планови во здравството стигнавме вработените да не можат да...

Од толку големи планови во здравството стигнавме вработените да не можат да земат плата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Буџетите за минатите години не се предвидуваа поголеми инвестиции за дигитализација и дигиталната трансформација на Република Македонија. За тоа што овие беа ветувања токму во програмата на СДСМ. Односно во програмата на Владата за периодот 2020-2024 е предвидено формирање на дигитална агенција со посебен закон кој ќе ги дигитализира државните институции. Тоа беше предвидено во изборната програма на СДСМ, но ветувањето не е реализирано. Понатаму, требаше да има средства за модернизирање на ИТ системот на Фондот за здравство, кој што на сите ни е познато дека во моментот е хакиран, поради неспособна власт, но и не се даваа средства за дигитализација и доусовршување, доунапредување за подобри здравствени услуги“, истакна Жаклина Пешевска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница.

<

Пешевска ја потсети власта дека имаа кампањи за членство во ЕУ и бесплатни здравствени услуги низ цела Европа. Но, македонските граѓаните со оваа власт немаат основни здравствени услуги во Македонија, а не пак во Европа.

„Наместо фрлените над 100.000 евра за т.н. фамозна стратегија за Е-здравство, кое патем никаде го нема. Средствата се лесно проверливи преку отворените податоци на Министерството за финансии, кои средства се исплаќаа на име на договори на дела помеѓу партиски послушници на СДСМ и ДУИ. Од толку големи планови во здравството стигнавме до колабрирано здравство, во кое не можат вработените да земат плата“, нагласи пратеничката.

Таа посочи дека нема плати за здравствените работници, нема исплата на породилно отсуство, нема лекови, нема систем за заштита на граѓаните.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кривична пријава против две лица кои му се заканувале на пратеник од Струга

Поднесена кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Како што соопшти Министерството за...

Прав играорец: Али Ахмети заигра оро на свадба во Кичево

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше дел од веселбата на свадба во Кичево, каде што не одолеа на ритамот на зурлите и тапаните. Во...

Се уште трае потрагата по Теодора, семејството бара поголем ангажман од надлежните институции

Семејството на Теодора Бабарчиќ моли за било каква помош за пронаоѓање на 16-годишна ќерка Теодора Бабарчиќ која во четвртокот попладне исчезна во водите на...

Се судрија мотоцикл и трактор во Штипско: тешко повреден 15-годишник

Вчера околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван...