13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаСветБајден тајно пристигна во Киев, верува дека Украина ќе победи

Бајден тајно пристигна во Киев, верува дека Украина ќе победи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Американскиот претседател Џо Бајден го напушти Киев, каде што престојуваше повеќе од пет часа. Неговата посета беше ненајавена и за време на посетата тој сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

<

– Една година подоцна, Киев опстои, Украина опстои, и демократијата опстои. Американците стојат со вас, и светот е со вас, потенцираше Бајден.

Тој додаде дека има „целосна доверба“ дека Украина ќе победи против Русија во „најголемата копнена војна во Европа во последните три четвртини од векот“, пренесува Скај Њуз.

Бајден рече дека целта на рускиот претседател Владимир Путин да ја „збрише Украина“ од мапата и најави нови санкции за Русија и поддршка за Украина.

Подоцна оваа недела ќе објавиме дополнителни санкции против елитите и компаниите кои се обидуваат да ги избегнат санкциите и да ја наполнат руската воена машина, ќе ја поддржуваме Украина „колку што е потребно.

Од своја страна, украинскиот претседател Володомир Зеленски рече дека денешните преговори со неговиот американски колега биле многу „плодни“ и „многу суштински“.

– Се надеваме дека оваа 2023 година ќе стане година на победа, додаде тој, пофалувајќи ја „заедничката визија“ што ја споделуваат двете нации, истакна Зеленски.

Тој понатаму вели дека ќе продолжи да прави се што е можно за да се осигура дека демократскиот свет „ќе победи во оваа историска битка“.

Зеленски прецизираше дека тема на разговор било оружјето со долг дострел, заедно со дополнителното вооружување кое сè уште не е испорачано.

За време на посетата на Бајден во Киев во градот одекнуваа сирени за воздушен напад.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Хрват обвинет за силување овца, кобила и мртва кокошка: Ги признал сите дела

Уште еден маж е обвинет за силување животни во Славонија. Според Нови лист, Општинската канцеларија на државниот обвинител го обвини 43-годишниот невработен градежен работник за...

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство!

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство! Денес, во срцето на општина Пустец, Р. Албанија, се одржа македонскиот фестивал што уште...

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...