30.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаБлагодарение на СДСМ со повратокот на ДДВ до сега секој граѓанин успеал...

Благодарение на СДСМ со повратокот на ДДВ до сега секој граѓанин успеал да врати во просек по 1 евро.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Повратот на 15 проценти од платениот ДДВ, заклучно со 19 септември, изнесува
2.666.000 евра, соопшти директорката на Управата за јавни приходи, Сања
Лукаревска. Тоа значи дека за неполни три месеци откако беше воведена на 1 јули, секој граѓанин
на Македонија добил во просек по нешто над 1 евро.
Лукаревска денеска на прес-конференција оцени дека мерката „Мој ДДВ“ ги дава
резултатите за целите за кои е воведена – и влијае на намалување на сивата
економија и враќа пари кон граѓаните.
Според директорката, заклучно со 19 септември скенирани се 19,905,878 фискални
сметки, остварен е промет од 10,073,372,640 денари, а вкупниот ДДВ изнесува
1,093,180,972 денари. Од овие, повратот на 15 проценти од платениот ДДВ изнесува 163,977,146 денари или
2.666.000 евра.
Лукаревска исто така оцени дека „само во првите месеци од воведувањето на МОјДДВ,
јули и август, наплатата на ДДВ е зголемена за 10 проценти во однос на минатата
година“, пренесе Макфакс.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...