13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаОбвинителот Вели за кого наследувањето на функциите на родителите е „убава традиција“

Обвинителот Вели за кого наследувањето на функциите на родителите е „убава традиција“

Претседателот на Здружението на јавните обвинители, Елвин Вели кој вечерва изјави дека кога ќерките и синовите ќе ги наследат своите родители, секаде е убава традиција, само кај нас е непотизам, всушност е син на поранешниот судија, Ведат Вели кој беше и претседател на Апелациониот суд, но и член на Судскиот совет.

Тој бил избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во 2011 година кога пред Советот на јавни обвинители дал свечена изјава дека професионално ќе ја врши својата функција.

Не се сомневам дека ќе се справам со сите притисоци на професионален план. Секој почеток е тежок, но ќе работиме во рамки на законот и Уставот на Република Македонија, рече Вели.

Вели бил избран за обвинител во иста година со Миле Арсениевски кој беше во скопското обвинителство, а е син на поранешната претседателка на Апелацискиот суд, Љупка Арсениевска.

Арсениевски во Советот на јавни обвинители рекол дека пресудно за оваа функција била фамилијарната традиција.

Иако рекол дека ќе одговори на предизвиците достојно како што доликува на јавен обвинител, сепак тој лани си даде оставка од функцијата. Советот на јавни обвинители ја прифати неговата оставка откако претходно беше санкциониран бидејќи одолговлекувал предмет и не доаѓал на закажаните судски рочишта.

И двајцата се споменуваат во „бомбите“ што ги објавуваше тогашната опозициска СДСМ, пишува Фокус.

Елвин Вели се споменува во разговор меѓу тогашниот министер за правда, Блерим Беџети и Муса Џафери и се согласуваат дека треба да се избере неговиот син.

Според медиумските архиви, Беџети вели дека му должи на Ведат Вели.

„Чувствувам дека имам долг кон него. Ме поддржал два пати“, вели Беџети.

„Аха… И он сака да биде обвинител? (н.з. синот на Вели Ведат)“, прашува Џафери.

„Да, да“, вели поранешниот министер за правда.

Додека синот на Арсениевска си даде оставка, Вели се уште е Виш јавен обвинител и лани бил избран за претседател на Здружението на јавни обвинители.

-Во наредниот период, со здружението ќе раководи Елвин Вели, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Тој првин беше избран во новиот Извршен одбор, којшто потоа ги избра новите носители на раководните функции на Здружението, соопштиле лани во декември од Здружението.

Вели оваа изјава вечерва ја даде во емисијата „Детектор“ по реакциите во јавноста откако Академијата за судии и јавни обвинители завршија синови, ќерки, сопруги, снаи на актуелни и поранешни судии и јавни обвинители, како и на политичари.

Кога синовите и ќерките на судиите и обвинителите ќе ги наследат своите родители, секаде тоа е убава традиција а кај нас е непотизам вели за Детектор, Елвин Вели, Претседател на Здружението на обвинители.

-Јас сум дете на судија и тоа сум го почувствувал на своја кожа. Реално повеќе проблеми сум имал во работата поради тоа отколку придобивки. Секогаш се било со доза на резерва, да не речат заради ова, да не речат заради тоа. Јас сум имал прилика да работам и во суд и како самостоен адвокат и сега како обвинител, сум ги поминал сите делови и секаде било истото. Едноставно сметам дека не треба да биде проблем.

Видете, нормално е следејќи го мојот родител како судија цел живот да ме привлекува правото. Тој првично беше против да бидам правник, но ме остави. И сметам дека сите треба да имаме еднакви можности до делот на аплицирање и во дел на запишување и завршување конкретно сега во Академијата како единствен начин за влегување во правосудството, рече Вели.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...