17.9 C
Ohrid
четврток, јуни 12, 2025
ПочетнаМакедонијаПревентивни активности на СВР Охрид.

Превентивни активности на СВР Охрид.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска (07.03.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Охрид и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид, а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Охрид беа спроведени превентивни активности во рамки на кампања – “Не користи мобилен телефон“ . Притоа на повеќе локации на подрачјето на Охрид полициските службеници на учесниците во сообраќајот им укажуваа за важноста од почитувањето на прописите поврзани со неупотребата на мобилни телефони при возење, а воедно им делеа печатени материјали, изработени со поддршка од РСБСП со едукативна содржина, особено околу ризиците што ги носи користењето на мобилен телефон додека се управува со моторно возило.

<

Инаку, во изминатите денови од страна на Отсекот за превенција при СВР Охрид и Полициската станица од општа надлежност Дебар беа реализирани четири едукативни работилници на тема – “Говор на омраза“ при што учениците од прва година од средното дебарско училиште “28-ми Ноември“-Дебар како и учениците од средното училиште “Ата-Центар“ од Жупа, преку видео презентација беа запознаени со штетноста и последиците од говорот на омраза. Целта на овие едукативни предавања беше подигање на свеста на децата за поимот – говор на омраза – како и препознавање, превенирање и спречување на оваа социо-девијантна појава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР до граѓаните: Бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција

☎️☎️ Известување ☎️☎️ Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција, се преземаат мерки за...

Епископот Партениј му честиташе на Георгиј за изборот на митрополит Дебарско-кичевски

Епископот антаниски г. Партениј му честиташе на Георгиј на изборот на митрополит Дебарско-кичевски. Почитувајќи ја одлуката на Светиот синод, нашето монашко братство, предводено од Старецот,...

Од новите осум вработени во Центарот за јавно здравје, ниту еден не е Македонец

Со хаш таг #РаботаНеСамоЗборови, директорот на Центарот за јавно здравје Мухамед Демири информираше дека има осум нови вработувања. „Вработени се осум нови Албанци“, пишува во...

Пецаков: По гравитационен пат 60% од територијата на општина Охрид ќе се снабдува со вода без да се потроши електрична енергија !!!

-Охрид долги години беше позната како општина која е една од најзадолжените заедно со Тетово и нашиот долг околу 2013 го достигна пикот и...