22.1 C
Ohrid
среда, август 6, 2025
ПочетнаМакедонијаЏафери го дискриминирал Апасиев, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Џафери го дискриминирал Апасиев, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Собранието Талат Џафери го дискриминирал пратеникот и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

<

Се утврдува директна дискриминација врз лицето Димитар Апасиев врз основа на политичко уверување во областа на правосудство и управа, сторена од страна на Собранието на Република Северна Македонија и Талат Џафери од функција на претседател на Собранието, се наведува во мислењето на комисијата до кое дојде „Фокус“.

Од Комисијата образложуваат дека било постапувано по претставка поднесена од Апасиев.

-Подносителот на претставката тврди дека врз него е сторена дискриминација со тоа што бил ставен во понеповолна положба од останатите граѓани од страна на Џафери во рамки на постапка по предлог барање за поведување на граѓанска иницијатива за собирање потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на задолжителен дополнителен референдум на државно ниво на целата тероторија на Републиката до Собранието, појаснуваат од Комисијата.

Оттаму даваат и препорака, односно го укоруваат претседателот Џафери во иднина да се воздржи од дискриминација.

-Се препорачува Собранието, односно претседателот Џафери во иднина да ги почитуваат правата и обврските што произлегуваат од Уставот, Деловникот за работа на Собранието и Законот за Собрание и во иднина да се воздржуваат од дејствија во постапки по граѓански иницијативи на државно ниво пред Собранието, кои во смисла на одредбите од Законот за спречување и заштита од дискриминација претставуваат дискриминација по било кој основ, се наведува во препораката на Комисијата.

Кон крајот на минатата година Левица поднесе и кривична пријава против Џафери.

-Правниот сектор на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, бидејќи тој, своеволно и спротивно на Уставот, Законот и Деловникот го оневозможил спроведувањето на граѓанската иницијатива на државно ниво за собирање на 150.000 потписи за распишување задолжителен дополнителен референдум за Законот за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија, информираа тогаш од партијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Брат си го убил брата си во Кавадарци, па го закопал во дворот !!!

Денеска (06.08.2025), ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo...

Прв ваков случај во Македонија: Регистрација на осуденик во затворот во Струмица.

Во Казнено-поправната установа Затвор Струмица денес се случи редок, но длабоко значаен хуман чин – првпат во историјата на установата беше законски регистрирано осудено...

Дарко Влогс: „Бев жртва на семејно насилство – сопругата ме тепаше во Америка.

Дарко Јефремов, во јавноста попознат како Дарко Влогс – некогаш а богами и сега еден од најследените Македонци на Инстаграм и познат влогер од...

Богојески: Вранишковски да се одлучи – дали е српски или македонски владика!

По повод присуството на т.н. владика Зоран Вранишковски на прославата на Илинден на Мечкин Камен, користејќи возило со српски регистарски таблички, претседателот на Македонски...