17.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаПо изградените 1.300 километри автопатишта ќе се прават нови 110 километри

По изградените 1.300 километри автопатишта ќе се прават нови 110 километри

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонија е претворена во градилиште. Да, така е, ако се слушаат прес- конференциите и рекламите на Владата. Впрочем зарем доказ за тоа не се изградените 1300 километри автопатишта за 5 години, како што неколку пати кажа, а и на реклами објави – премиерот Ковачевски?

<

И еве сега министрите не застануваат. Нови патишта ќе се градат. За пeт години во Македонија ќе бидат направени 110 километри современи автопатишта вредни 1,3 милијарди евра. Со ова вчера се пофалија владините челници откако се потпиша договорот со меѓународниот конзорциум „Бехтел и Енка“ уверувајќи ја јавноста дека се работи за историски договор.

Се најавува изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10: делницата Тетово Гостивар е во должина од над 17 километри, Гостивар – Букојчани е 30,3 километри, делницата Требениште – Струга – Ќафасан е близу 22 километри, а патниот правец Прилеп – Битола е во должина од речиси 40 километри.

Ако можеше да се направат 1300-те километри, зошто да не може и овие новонајавените?

Да, во јавноста набрзо протече и сознанието дека за овие автопатишта се уште не се направени ни планови, не е определена трасата, а уште помалку е извршен откуп на земјиштата по кои тие треба да поминуваат, мо тоа сигурно власта брзо ќе го среди. Директорот на државното преторијатие за патишта Ејуп Рустеми, пак, вчера убедуваше дека се работи за „нова методологија“.

-Ова е нова методологија на градење. Според договорот, „Бехтел и Енка“ и ќе проектираат и ќе градат, а претходно ќе ангажираат проектанти. Експропријацијата не е ниту почната. Во оној момент кога ќе се определат патните коридори, тогаш ќе бидеме подготвени што побрзо да ја извршиме експропријацијата, изјави Рустеми.

Зарем ова не е доволно уверувачко дека се е под контрола и се ќе се направи како што е ветено?

Очигледно е дека Владата овие новонајавени автопатишта наскоро ќе ги вброи во веќе направените па со тоа да и се пофали на јавноста. Граѓаните неодамна беа сведоци на спотови, на реклами, на фалењето за успехот на Владата во земјава да направи дури 1.300 километри. Меѓутоа, подоцнежната анализа на тоа за кои патишта се работи покажа дека, всушност, биле направени само нови 13 километри патишта (експресниот пат Крупиште –Кочани) додека за останато се работи за реконструкција. Во вкупната бројка дури беше внесен и автопатот Кичево – Охрид кој се уште е далеку од тоа да биде завршен. Исто како и делницата од Катланово до Петровец која доцни цели 2,5 години од предвидениот термин за крајот на реконструкцијата, или, пак, регионалниот пат за „Сончев град“ по падините на Водно, кој поради проблемите со конструкцијата не е пуштен во употреба…

Вчера беше најавено дека изведувачите наскоро ќе почнат со градењето. Ајде да видиме што е тоа „наскоро“. И што е поважно кога ќе видиме сечење лента, а не спотови каде се вели дека се направени.

Зарем во сето ова сериозно ќе биде само тоа дека се даваат тешки милијарди евра? Сериозна, бајаги сериозна сума на народни пари…

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...