14.2 C
Ohrid
среда, јуни 4, 2025
ПочетнаМакедонијаЌе се увезуваат работници од земји со плата од 200 евра, нашите...

Ќе се увезуваат работници од земји со плата од 200 евра, нашите одат да работат за плата од 1100 евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нашите граѓани треба да се прилагодат на потребите на пазарот на трудот. Вештините и знаењата долги години наназад на тие што се невработени, не одговараат на потребите и тој пазар има потреба да ја надополни работната сила. Се повеќе компании велат дека многу тешко наоѓаат работна сила од она што го има на располагање во Агецијата за вработување. Затоа Владата прави план за вработување преку различна доквалификација за да се спремат тие работници за пазарот на трудот. Но дотогаш секако има потреба да се увезе работна сила затоа што миграцијата е очигледна, не само во Македонија туку во сите земји на Западен Балкан“, рече Битиќи.

<

За вицепремиерот Фатмир Битиќи работната сила е примарно да се осигура од домашниот пазар, но призна дека веќе отворено се дебатира со стопанските комори за увоз на евтина работна сила од странство. Владата во моментов разговара со стопанските комори во кои гранки евентуално би увела работна сила. Најзагрозени се секторот градежништво и секторот хотелиерство и туризам.

„Тоа се работници кои одат да работат сезонски во соседните земји, но и во Хрватска. Во тој сектор и кај нас платите се конкурентни, но не се толку како во земјите на ЕУ. Лани сме имале 5300 работници кои што работеле во нашата земја. Треба да се разговара оторено за ова. Немаме дефинирано од каде, нема дефинирано квоти, но сметаме дека е отворен проблем“, рече Битиќи.

„Просечната плата кај нас е 550 евра, платата во која што одат да работат нашите работници е 1100 евра. Земјите од кои ќе доаѓаат работници во градежништво, во рударство, имаат просечна плата 200 евра и тоа е природен циклус за движење на работна сила“, додаде вицепремиерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Јошка Броз, внукот на Јосип Броз Тито

Јосип Јошка Броз, внук на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, почина на 78-годишна возраст. Тој беше член на Главниот одбор на Социјалистичката...

Панче: Најдобрите студенти ќе се запослат во МВР.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на одбележување на 50 години од формирањето и дејствувањето на Институтот за безбедност, одбрана и...

Превентивни активности на СВР Охрид.

Превентивни активности на СВР Охрид СВР Охрид во соработка со општинскиот Совет за превенција на детско престапништво, и секторот за комунални дејности, сообраќај и улици...

Мајката на исчезнатата Марија Брзакова по која се трага од 2020 г. ја кажа вистината за нејзината ќерка по повеќе од 5 години

Мајката на исчезнатата Марија за „Фокус“:   Марија Брзакова, родена на 5-ти април 1991 година, исчезната на 18-ти јануари 2020 година во село Босилово, Струмица. Тоа...