13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Ѓорѓиевски: Стефан Трпковски, лице со Даунов синдром, од денес ќе...

Градоначалникот Ѓорѓиевски: Стефан Трпковски, лице со Даунов синдром, од денес ќе работи во општината и ќе биде дел од мојот тим !!!

Стефан Трпковски, лице со Даунов синдром, од денес ќе работи во општина и ќе биде дел од мојот тим!

Од денес, Стефан ќе запознае нови колеги во општина Кисела Вода, ќе извршува работни обврски, ќе почувствува дека општеството и нему му пружа еднакви можности како на останатите.

Видно возбуден, ми раскажа за своите таленти, за кошарката која е негова прва љубов, за модерните танци и освоеното второ место на Специјалната олимпијада за танцови игри, за пливањето кое веќе 10 години е негово хоби.
Се подготвува да плива на Параолимпијада во Берлин, каде заедно со уште три други деца ќе ги брани боите на Македонија.

За жал, Дауновиот синдром, кој светот денес го одбележува, во Македонија сѐ уште е табу тема.
На овие простори преовладуваат стереотипи, кои овие лица ги држат на маргините на општеството. Интересно и крајно полезно е да ги запознаеме, да видиме каква е желбата кај нив, со каква трудољубивост настапуваат кога треба да совладаат некаква вештина. Како локална самоуправа, која прави сериозни чекори во овозможувањето на еднакви услови за сите, општина Кисела Вода презема крупни чекори во надминувањето на предрасудите и препознавањето на способностите на луѓето со Даунов синдром.

За Стефан, ова е шанса да се афирмира како рамноправен член на заедницата.
За останатите наши вработени и за нас како институција, ова е можност да се надминат евентуалните заблуди и самите да дадеме свој придонес во изградба на општество во кое е обезбедено подеднакво уживање на човековите слободи и права, општество во кое се почитува и уважува човековото достоинство.

Воедно како претседател на #ЗЕЛС, сакам да упатам апел до сите останати единици на локалната самоуправа, но и до институциите од централната власт, да го следат нашиот чекор и да овозможат вработување на лица со Даунов синдром.

Заложбите за еднаков третман на различностите не смеат да бидат само декларативни.
Со дела да покажеме дека сме подготвени да го менуваме светот на подобро!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...