26.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаДаниел Шикоски од Струга со целосно оштетен вид завршил три факултети !!

Даниел Шикоски од Струга со целосно оштетен вид завршил три факултети !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со скоро целосно оштетен вид, 28-годишниот Даниел Шикоски од Струга завршил три факултети, театарска драматургија, академија за филмско сценарио и новинарство. Сега работи на магистратура за театарска режија, неговата како што вели, животна инспирација.

<

Приказната на Даниел е доказ дека попреченоста може да преставува и предизвик за да се постигне успех и тогаш кога се чини невозможно. Вели дека луѓето за него на шега коментираат оти цел живот студирал, но тој смета дека oбразованието е многу значајно оти отвора многу врати- пишува СДК.МК

Тој е првиот театарски режисер во последните педесет години во земјава како лице со хендикеп и дипломирал со просек 10. Основното образование го завршил како најдобар во генерацијата и оттогаш му се родила љубовта кон театарот. Прочитал многу книги, има режирано два филма, напишал две драми и е дел од драмското студио „Миладин“ Струга, каде игра актерски улоги и е дел и од техничкиот тим за подготовка на претставите.

„Реално имам проблем, ако читам од печатена книга многу брзо се заморувам, ми бега концентрацијата оти окото се заморува, но со љубов и желба сè се постигнува“, вели Шикоски.

Тој денес работи како негувател во Центарот за интелектуална попреченост „Порака Нова“ во Струга. Вели дека државата не нуди можности да биде вработен според неговото образование. Со законското решение, неповратни средства за вработување на лицата со попреченост има само за заштитни друштва, а тоа најчесто се фабриките.

„Државата нуди мерки со кои ние можеме бесплатно да студираме како лица со попречености. Но, кога веќе ги образуваме лицата со попречености треба да им дадеме повеќе можности за излез на пазарот на труд. Не само да ги образуваме, а потоа да ги оставиме сами да се снаоѓаат. Ако едно лице завршило факултет треба полесно да влезе во таа област на пазарот на трудот“, вели Шикоски.

Шикоски апелира за еднакви можности оти лицата со попречености и покрај нивниот хендикеп, можат да бидат успешни и способни.
Извор-sdk.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...