8.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаДиректорот на битолската болница утре поднесува оставка-Негова оставка доаѓа по смртта на...

Директорот на битолската болница утре поднесува оставка-Негова оставка доаѓа по смртта на новороденчето кое почина два часа откако било родено, што е последен во низата случаи кои ја потресуваат оваа болница.

Директорот на битолската болница, доктор Александар Обедниковски утре ќе поднесе оставка од фунцкијата.

Тој за Телма потврди дека утре ќе ја депонира оставката од морални причини. Негова оставка доаѓа по смртта на новороденчето кое почина два часа откако било родено, што е последен во низата случаи кои ја потресуваат оваа болница.

Претходно, кон крајот на март, шестгодишната Јана Христовска почина на детското одделение по примена инфузија. Нејзините родители се сомневаат на лекарска грешка, но обвинителството се уште го чека наодот од обдукцијата, за да одлучи дали ќе поднесе обвинение.

Александар Обедниковски е директор на битолска болница од мај 2022-та година, а како специјалист ортопед работи таму од 2014-тата година.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...