15.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаМакедонијаЏафери за Велигден: Постевме заедно, така потврдуваме дека заедно можеме и да...

Џафери за Велигден: Постевме заедно, така потврдуваме дека заедно можеме и да гладуваме, и да јадеме, и да се насмееме!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дозволете од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име да Ви го честитам големиот христијански празник – Велигден“ стои меѓудругото во честитката на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

<

„Празниците оваа година се поклопуваа или се менуваа едни со други наизменично и тоа побуди во секој од нас некое свечено чувство кое што охрабрува и влева надеж во подобро утре.

Постевме заедно, иако на друг начин и со различно времетраење, споделувавме ифтарски трпези заедно, со негување на обичаите и традицијата, како што било и убеден сум ќе биде и во иднина.

Само така потврдуваме на дело дека заедно можеме и да гладуваме, и да јадеме, и да се насмееме и да си ги споделиме тешкотиите низ кои што поминува човештвото. Само така сплотени можеме да носиме одлуки кои ќе значат напредок и развој на Република Северна Македонија, нејзина економска и енергетска безбедност и безбедност на нашите граници и граѓани.

Сега, повеќе од кога било се потребни зборови на надеж, верба, меѓусебна почит и разбирање, солидарност, хуманост, пожртвуваност и сплотеност. Сега повеќе од кога било светот има потреба од тоа да бидеме подобри луѓе за себе, за сограѓаните и за нашата земја.

Ви посакувам добро здравје и благосостојба, Вам, на Вашите блиски и на сите православни верници во Република Северна Македонија.
Честит Велигден!“ се вели во честитката на Џафери.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...