11.9 C
Ohrid
среда, јуни 4, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопскиот и охридскиот аеродром ќе се спојат со Воз !!!!

Скопскиот и охридскиот аеродром ќе се спојат со Воз !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Заради регионално поголема железничка поврзаност на државата се размислува на поврзување на коридорите Xd и VIII. Имено, од железничката станица „Бакарно Гумно“ која се наоѓа меѓу Прилеп и Битола, во овој момент има индустриски колосек до Сопотница, во правец на Демир Хисар, истакна во интервју за порталот Локално директорот на ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“, Хари Локвенец, кој додаде дека со овој проект се планира и поврзување на Охрид и охридскиот Аеродром.
– Преостанува уште мал дел кој би требало да се изгради за поврзување со Коридорот VIII, на потегот меѓу Кичево и Требеништа. И последно, но не и поважност, е поврзувањето на скопскиот Аеродром. Проектираната динамика за завршување на источното крило на Коридорот XIII, координирана со нашите бугарски колеги, е крајот на 2027 година. Додека западното крило кон Република Албанија би требало да биде завршено до крајот на оваа деценија, истакна Локвенец.

<

Според него, оправдан e интересот на македонската јавност за железницата зошто не само од економска туку и од стратешка важност е самата железница, водејќи сметка дека станува збор за суштински дел од критичната инфраструктура на секоја држава.

– Во овој момент како железница располагаме со 700 км пруги кои ги поврзуваат Табановце и Гевгелија на Коридорот X, Велес, преку Прилеп и Битола до Кременица и границата со Република Грција на Коридорот X д, Велес преку Штип до Кочани и делот од западното крило на Коридорот VIII, од Скопје преку Тетово и Гостивар до Кичево. Како ЈП „Македонски Железници – Инфраструктура“ насочени сме кон реализација на долгонајавуваниот на источното крило од Коридорот VIII кон Република Бугарија и финална подготовка на документацијата за западното крило кон Република Албанија, вели Локвенец.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Јошка Броз, внукот на Јосип Броз Тито

Јосип Јошка Броз, внук на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, почина на 78-годишна возраст. Тој беше член на Главниот одбор на Социјалистичката...

Панче: Најдобрите студенти ќе се запослат во МВР.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на одбележување на 50 години од формирањето и дејствувањето на Институтот за безбедност, одбрана и...

Превентивни активности на СВР Охрид.

Превентивни активности на СВР Охрид СВР Охрид во соработка со општинскиот Совет за превенција на детско престапништво, и секторот за комунални дејности, сообраќај и улици...

Мајката на исчезнатата Марија Брзакова по која се трага од 2020 г. ја кажа вистината за нејзината ќерка по повеќе од 5 години

Мајката на исчезнатата Марија за „Фокус“:   Марија Брзакова, родена на 5-ти април 1991 година, исчезната на 18-ти јануари 2020 година во село Босилово, Струмица. Тоа...