6.9 C
Ohrid
вторник, ноември 12, 2024
ПочетнаМакедонијаТајвански “Јагео” не доаѓа во Македонија поради Ковачевски, туку поради инвестиција “на...

Тајвански “Јагео” не доаѓа во Македонија поради Ковачевски, туку поради инвестиција “на Груевски”од пред 13 години!

Тајвански “Јагео” не доаѓа во Македонија поради Ковачевски, туку поради инвестиција “на Груевски”од пред 13 години!
Премиерот Димитар Ковачевски се испофали со доаѓањето на тајванската фирма “Јагео” во Македонија, но Игор Цветковски “им ја расипа журката” и објаснува зошто всушност такванскиот инвеститор дошол во Македонија.

-Ај да им ја расипам журката на корчагинецот Јовче и неговиот шеф Таче.

Јагео тајвански “доаѓа” во Бунарџик поради Кемет Електроникс “на Груевски” донесен пред 13-на години, а купен од Јагео пред 3-4 години.

Така што, тн гринфилд вложување е само продолжување и ширење на работата на Кемет кои се запознаа со, и вложија во Македонија токму поради нели омразените од комуњарите реклами на СиеНеН на Грујче како и неговите успешни економски политики кои не смее да се пофалат, ама може да се ползуваат за ручки и тупани при пуштање тунел во употреба.

Најавените 205 милиони евра не се испљукуваат одма, туку во период од 10 години по 20 милиони, а со динамичен пад на западните економии, вредноста на западните валути, инфлацијата, обединувањето на Тајван во Кина-можните негосдувања од веќе стратешкиот партнер(САД) итн може и нема да е случат или вредноста ќе им биде помала, НО може и неколкукратно поголема корист да имаме доколку се прифати навреме мултиполарниот свет како македонска надеж.

Така што, на господинот Никола Груевски, “бегалецот во Пешта”, Заев-аните навивачи кои пљускаат на “тајванскава миљарда”, всушност му се клањаат. Мераци.

Уште да објаснеа Јовче или Таче, како точно и во што би се вложувале тие 20 милиони евра годишно, секоја година, а ако излажат, место ќорка, да работат на автопатиштата на Груби 60 часа во неделата/52 недели во годината мини-ум. – пишува Цветковски на Фејсбук.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Али Ахмети, упати нова закана: Ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати нова закана за масовна реакција на Албанците доколку Уставниот суд донесе одлука да го промени или укине Законот...

Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски

Утринава на 63- годишна возраст почина проф.д-р Владимир Мирчевски, светски признат неврохирург, специјалист на Лионската школа по неврохирургија, член на Американскиот конгрес на неврохирурзи,...

Почина Бошко од Кавадарци кој боледуваше од рак

Бошко Јанкулов, младиот кавадарчанец кој се бореше со малиген карцином на коски, карлица и бели дробови, за жал, ја загуби битката со болеста. Неговата...

Итно се потребни средства за операција на тумор на мозокот на малата Тијана

На 8-годишната Тијана Дунгевска и е дијагностициран тумор на главата и беше итно оперирана на Неврохирургија во болницата Мајка Тереза во Скопје. Молба во името...