2.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаДимитриевски: Дали коридорот 8 значи отцртување на картата на Илирида којашто...

Димитриевски: Дали коридорот 8 значи отцртување на картата на Илирида којашто многупати досега сме ја погледнале?

spot_img

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител потенцираше дека коридорот 8 поврзува една траса на релација Скопје-Приштина-Тирана и постави прашање, дали отцртувањето на самиот коридор е отцртување на картата на Илирида којашто многупати досега сме ја погледнале?
Овој коридор ви поврзува една траса на релација Скопје-Приштина-Тирана. Се поставува прашањето, дали отцртувањето на самиот коридор е отцртување на картата на Илирида којашто многупати досега сме ја погледнале? Никој од носителите на политички функции не го отвори ова прашање да го продискутира. Зошто со самото тоа ставање на поединци во Владата коишто доаѓаат од таа етничка заедница задолжени и привилегирани да располагаат, договараат, располагаат со сите информации се остава простор вака народот да измислува. Зошто господинот Артан Груби е во повластена состојба во однос на било кој друг граѓанин, бидејќи тој автопат ќе се гради со наши пари. Тоа е важен коридор, но Македонија има и други важни коридори. Дали направивме некое анкетирање каде ќе потрошиме една милијарда и двесте милиони евра граѓански пари?“, изјави Димитриевски.

Во Дневникот, Димитриевски информираше дека кога се работат вакви капитални проекти првенствено се информира јавноста и се дискутира јавно.

„Се сондира мислењето на граѓаните, на експертите. Вие не доведувате во заблуда, си правите договор, го потпишувате, си ракоплескате таму, го собирате дипломатскиот кор којшто подоцна не може да излезе од изјавите и мора да се правда зошто присуствувал таму. И на крајот, корупцијата. Па каде е корупцијата, кој може да прави корупција? Тој што е во власта, затоа јас ги поздравувам силно заложбите на американската амбасада и верувам дека ќе најде начин и даде одредена поткрепа на институциите, т.е на професионалците во институциите да се борат суштински против корупцијата. Во Македонија постои корупција, во Македонија постои градежна мафија, јас тоа го чувствувам на локално ниво, и за жал Македонија се трансформира во држава во која не само што има мафија, туку првенствено секоја држава во регионот и пошироко има мафија, но за жал кај нас ќе константирам еден ден дека мафијата е таа којашто ја води и поседува државата. И мора да ставиме крај на тоа“, рече Димитриевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...