4.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија не му даде шанса на 12-годишно девојче да се лекува од...

Македонија не му даде шанса на 12-годишно девојче да се лекува од малиген тумор во странство, иако лекот за хемотерапијата во државава го немало

Фондот за здравство одбил 12-годишно девојче да се лекува во странство од опасен малиген прогресивен тумор на вратот, водејќи се од мислење на лекари од Детската клиника дека лекувањето може да се изврши во болниците во Македонија – иако и во моментот на изготвувањето на мислењето и две години претходно во државата го немало круцијалниот лек „Лајовак“ кој на девојчето му бил потребен за да се извршат хемотерапиите.

Во лекарската комисија што го одбила девојчето за лекување во странство член била и директорката на Детската клиника во тоа време, која морала да знае дека во нејзината болница хемотерапијата ја немало и не била набавувана две години претходно пишува Слободен Печат

Поради тоа, на таткото на девојчето кое за жал починало во 2021 година, причинета му е материјална штета од 17.500 евра, колку што пари платил од свој џеб во државната болница во Болоња Италија, каде го однел детето итно и неодложно, немајќи време да ги чека одлуките на комисиите на Фондот што не ја земале предвид животозагрозувачката состојба на малечката и наместо со итност, одлучувале неажурно. Италија дури и му дала здравствено осигурување и го презела комплето лекувањето на девојчето, откако увиделе дека во Македонија овој сериозен, редок и животозагрозувачки случај на тумор – од македонското здравство и комисиите е третиран со опасна неодговорност.

Таткото пред Управниот суд во Скопје бара Фондот да му ги рефундира парите што ги потрошил во Италија и неодамна доби пресуда во негова полза со која се поништува решението на Управниот одбор на Фондот за здравство со кое на девојчето му било одбиено да се лекува во странство.

-Не ми е за парите, туку тужбата ја поднесов за да се донесе правично решение, вели тој за „Слободен печат“.

Судската пресуда со која се поништува одлуката за одбивање на лекувањето од Фондот за здравство, во себе содржи историјат за голготата која ја поминало ова семејство од Штип, а од неа се гледа и дека македонските здравствени институции наместо да се грижат за животот на девојчето, направиле кардинални пропусти кои на своја кожа ги почувствувале родителите, чие дете наместо третирано како животозагрозено, било третирано без итност. Семејството со невидена присебност, брзина и ажурност направило се за да ја лекува ќерката и плаќало од свој џеб енормни суми, а Фондот со месеци свикувал комисии и одбивал покривање на трошоците.

Откако таткото на 12-годишното девојче во 2018 година дознал за лошата дијагноза на својата ќерка, за четири дена бил во авион на пат кон Болоња, Италија, на државна клиника, каде го чекале организирани лекарски тимови. Еден ден пред да се упати кон Италија и да го почне лекувањето за своето дете, тој до Фондот за здравство доставил конзилијарно мислење од Клиниката за максилофацијална хирургија од каде укажале дека веднаш треба операција, ама во Македонија нема тим што може да ја изведе и детето треба да се оперира во странство. Родителот немајќи време да чека дали Фондот ќе го одобри лекувањето во странство, веднаш заминал со малечката во Болоња Италија, затоа што без третман неа ѝ давале два до три месеци живот.

Во Италија лекарите во државната болница одлучиле дека е ризично по живот да се изврши операцијата веднаш и дека треба прво да се примаат хемотерапии и администрирале три хемотерапии на секој 21 ден. После третата хемотерапија родителот повеќе немал пари да го продолжи лекувањето на свој трошок, а имал толку колку што дал – над 17 илјади евра. Додека ќерка му примала хемотерапии, таткото ја примил веста од македонскиот Фонд за здравство дека лекувањето во странство му се одбива, зашто Детската клиника дала мислење оти хемотерапиите може да се примаат и во Македонија.

По поминување на првите третмани на лекување на девојчето во болницата во Болоња, Италија и поради тешката финансиска состојба како и фактот дека е одбиен за лекување во странство (пристигнала и друга фактура од 36.000 евра за која Фондот одбил да го плати трошокот) таткото се вратил во Македонија за да го продолжи лекувањето на неговата ќерка во македонските болници.

Меѓутоа, наместо да почнат да ја лекуваат, на Детската клиника од страна на докторите првично усно а потоа и писмено му одговориле дека лекот кој е потребен го нема во клиниката и дека претходно две години истата го немала набавено лекот Лајовак кој е неопходен за лекување. Истата клиника претходно одбила да го упати девојчето да се лекува во странство, а по враќањето од лекувањето кое било спроведено на трошок на родителот, признала дека ја нема набавено хемотерапијата. Дури тогаш, откако се открило дека го нема лекот, Фондот ја вратил младата пациентка во Италија и ги покривал трошоците до 2019 година. Не е јасно како би се лекувало девојчето во Македонија ако нема хемотерапија и истата ја немало две години претходно.

Болницата премолчила дека нема круцијален лек за рак, а базирано на тоа премолчување, ФЗОМ го одбило лекувањето во странство.

Управниот суд во својата неодамнешна пресуда утврди дека тужбата на родителот е основана.
Слободен Печат

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...