7.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМаричиќ: Европското знаменце се злоупотребува поради блокадите од Левица

Маричиќ: Европското знаменце се злоупотребува поради блокадите од Левица

Европското знаменце на законите за коридорите што ке ги гради Бехтел и Енка е политички оправдана одлука насочена директно против блокадата на Левица, објасни вицепремиерот Маричиќ. Тој тврди дека за ова е известена и Унијата, иако признава дека се работи за законски измени кои не се дел од европското аки, факт на кој пред два дена укажа и делегацијата на ЕУ во земјава.

Оваа одлука е донесена за да се заобиколи нелегитимната блокада од страна на Левица, проруска партија, анти-НАТО партија, анти-ЕУ партија која ќе направи сѐ да ги спречи коридорите и впишани во европските трансевропски мрежи и за еден ваков проект реализиран од американска компанија.

Од ЕУ пак очекуваат државата повеке да се посвети на борбата против коруцијата која е клучен проблем на евротинтегративниот пат.

Маричиќ најави дека овој проблем ке го разгледа со премиерот за да се направи мини реформски план кој ќе треба летово да се реализира.На судиите и обвинителите им порача да ги запазат процедурите и повеќе да внимаваат на јавниот имиџ. Вицепремиерот очекува текстот на уставните амандмани да биде завршен наредните денови или недели за да може до ноември да биде изгласана промената на Уставот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...