14.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаСДСМ: Европските стандарди и вредности ги носиме дома

СДСМ: Европските стандарди и вредности ги носиме дома

Tеренските активности на СДСМ под слоганот „Рамо до рамо, до победа“ денеска се одржаа во Кавадарци, Демир Хисар, Лозово, Свети Николе, Велес и Неготино.

Од Велес, Неготино и Лозово беше испратена пораката дека се инвестира во инфраструктурата, како и дека се води вистинска грижа за земјоделците и работниците, а од Демир Хисар, Кавадарци и Свети Николе дека европските стандарди и вредности се носат и имплементираат тука, во земјава.

-Оваа година Денот на Европа го одбележуваме како земја преговарач за членство во ЕУ, со крајна цел полноправно членство во Унијата до 2030 година. Сите без исклучок ги чувствуваат придобивките од забрзувањето на евроинтеграциите и отворањето на преговорите со ЕУ, по 17 години чекање. Ние, како одговорна партија, заслужна за секој национален успех до сега, остануваме силно посветени на европскиот пат, целосно подготвени и мотивирани да ги надминеме сите предизвици. Европските стандарди и вредности ги носиме дома, а државата ја носиме онаму каде што припаѓа – во големото европско семејство, порача Членката на ЦО на СДСМ Славица Грковска.

Со граѓаните на Свети Николе, во рамките на теренските активности на СДСМ се сретна Славица Кутиров.

-Денеска на Денот на победата над фашизмот сме со вас граѓаните заедно да оддадеме почит на борците од НОБ, кои се изборија ние денес да живееме во независна, суверена и слободна држава, нагласи Кутиров, додавајќи дека битката на нашите предци од НОБ беше слобода, независност и еднаквост, а денес нашата битка е интеграција и рамноправност во Европската унија.

Претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ Гоце Георгиевски, со граѓаните на Демир Хисар разговараше за земјоделските политики, пред се за новиот систем на авансна исплата на субвенциите.

сдсм

-Владата на СДСМ како никоја претходно вложува во сите гранки на земјоделството и покажува вистинска грижа за сите земјоделци, за прв пат субвенциите ги исплаќаме авансно за парите да ги добијат тогаш кога им е најпотребно, истакна Георгиевски.

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов беше меѓу граѓаните на општина Неготино. Во своето обраќање на маалска средба, потпретседателот Костадинов истакна дека СДСМ покажува вистинска грижа за сите граѓани, дека со своите политики државата ја води на вистинскиот пат, на патот на прогресот и интеграцијата во ЕУ.

Костадинов

– За разлика од некои претходни времиња, денес земјоделците веќе не се манипулирани, нивниот труд е ценет. Напротив, во договор со земјоделците успеавме да воведеме нов систем на субвенции и нивна авансна исплата за земјоделците да ги имаат партите кога им се најпотребни. Започнуваме со програмата ИПАРД 3 со која во модернизација на македонското земјоделство ќе влезат 128 милиони евра, а 17 милиони евра во општините за развој на руралната инфраструктура. Ова е потврда и најсилен доказ зошто сме и зошто треба да останеме на европскиот пат. Ја зголемивме минималната плата, а пензиите се зголемија за рекордни износи. Државата веќе не е заробена и меѓународно изолирана, туку сега забрзано чекориме кон ЕУ, преку процесот на преговори, што го започнавме по 17 години чекање. И сето тоа се успеси што СДСМ ги постигна заедно со вас граѓаните, рече Костадинов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Влада со нелегитимни Албанци е исто како и влада без Албанци

Влада без легитимни Албанци е исто како Влада без Албанци, порача Бујар Османи од ДУИ во гостувањето на Канал 5 во „Само Интервју“. Тој...

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на...