18.5 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаОсум Македонци се пишале Албанци за да се вработат во општина Куманово

Осум Македонци се пишале Албанци за да се вработат во општина Куманово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски од денес ќе им биде претпоставен на осуммина нови административци кои на конкурсот за вработување конкурирале како етнички Албанци иако се етнички Македонци.

<

А1он“ дознава дека општина Куманово вработила осуммина кандидати Македонци со идентификациски код Албанец (ка) којсе добива од Агенцијата за администрација.

Со одлуки на секретарот на опшитината, Алекдандар Гелевски, на јавниот оглас распишан од општината, а кој го спроведувала Агенцијата за вработување, за помлад соработник за безбедност при цивилна заштита и спасување и управување со кризни состојби е избранка кандидатка која се впишала Албанка иако е етничка Македонка.

А1он“ дознава дека Македонци кои се впишани како Албанци се вработени и на позициите: самостоен референт за администрирање на плати во секторот за финансиски прашања, за советник во оделението за утврдување и наплата на данок на промет на наследство и подарок Сектор даноци, за помлад соработник во Одделението за заштита на животна средина и природата, за двајца помлади соработници за култура во Оддлението за култура и спорт, за помлад инспектор за патен сообраќај во Одделенио за инспекциски надзор и за позицијата референт за административни работи и проектна документација во Оделението за меѓународна соработка и евроинтеграции.

За позицијата со назив Помлад соработник за аналитика на локален економски развој во Оделението за стратешко планирање каде што се бараа двајца кандидати етнички Албанци, вработени се кандидати Албанци, а по етнички клуч е избрана и кандидатка за поџицијата Помлад соработник за поддршка при контрола на проценка на недвижен имот во Оделението за утврдување и наплата на данок на имот.
Пропаднал само огласот за Виш соработник во Оделението за утврдување и наплата на данок на промет на наследство и подарок затоа што немало кандидат кој бил квалификуван за вработување.

Според процедурата за вработување, Комисија за административна селекција ги проверува документите на пријавените кандидати и дали се тие соодветни за пријавеното место на огласот, а оние кои одговараат на условите имаат тестирање во Агенцијата за вработување.

Тие што ќе го положат испитот, одат на интервју за вработување по што Агенцијата до општината ги доставува како предлози најдоброрангираните кандидати, а одлуката на крајот ја носи општината.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...