16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаГруевски: „Се сеќавам како со години имавме акција за садење милиони дрва...

Груевски: „Се сеќавам како со години имавме акција за садење милиони дрва секоја година на денот на дрвото“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, повторно излезе на социјалните мрежи, со сеќавања на проектите на неговата партија.

<

„Се сеќавам како со години имавме акција за садење милиони дрва секоја година на денот на дрвото кој се одржуваше секоја година во доцна есен, период во кој според експертите најголеми се шансите да успее садница на дрво.

Иницијативата дојде од оперскиот пејач Борис Трајанов и НВО “Засади дрво”.
На денот на дрвото се садеа годишно помеѓу 2 и 6 милиони дрва. Секако си остана редовната годишна програма на Македонски шуми кои секоја година бездруго садеа околу 600 илјади дрвца.
Она што беше многу важно е што тој ден се прогласуваше за неработен и имаше јавна покана до сите граѓани да излезат на одредени однапред определени места од АД “Македонски Шуми” во или околу сите градови и населени места и во сите делови на Македонија за да лично помогнат и да засадат дрва. Тоа беше неверојатно голема работна акција, со неверојатно огромен одѕив.

Не беше само вредност во ново засадените дрва, која секако е многу важна, туку општата прифатеност и вклученост на населението во садењето. На тој начин се внесуваше култура и навика за садење дрва и љубов и внимание на граѓаните кон природата, шумите и дрвата, бидејќи тој кој засадил едно или неколку дрва во животот, тешко дека така лесно ќе исече или уништи дрво понатаму, а тој кој никогаш не засадил, многу полесно ќе посегне кон тоа.
Тогаш опозицијата не критикуваше дека тоа било непрофесионално, наоѓаа и сликаа места каде садниците не успеале и слично. Секако дека на 5 милиони ново засадени садници дел нема да успеат од различни причини, но како што денес ме потсети еден пријател, и ниту едно дрво да не е успеало голема придобивка е стекнувањето култура и навиката за садење и одгледување дрвја и љубов да се зачува и негува природата, дрвјата и шумите на нашите граѓани.“ напиша тој на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...