14.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаДрага Снежана, јас не сум претседател на Украина“: пратеничката на СДСМ му...

Драга Снежана, јас не сум претседател на Украина“: пратеничката на СДСМ му го згреши името и функцијата на спикерот на украинскиот парламент

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калеска на Фејсбук објави фотографија со спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, но напиша дека тој е привремен претседател на Украина.
Со претседателот на Врховната рада Стефанчук, Ванчева Калеска се запознала при студиска посета на шведскиот парламент Ригсдаг, а погрешно напишала и дека тоа е „спикерот на украинската Врховна рада Олександар Турчинов“. Таа додава и дека тој воедно ја извршува привремено и функцијата претседател на Украина.

<

Набрзо, под нејзината објава Стефанчук се огласи со коментар за да објасни дека тој не се вика Олександар Турчинов и дека не ја извршува привремено функцијата претседател на Украина.

„Драга Снежана, драго ми е што се запознавме, но моето име е Руслан Стефанчук, јас сум спикер на украинскиот парламент, а претседател на Украина е Володимир Зеленски“ – ѝ напиша Стефанчук на пратеничката од Македонија.

Руслан Стефанчук е на чело на Врховната рада од 2021 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЦУК: Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години,...

Потрагата по 34-годишната Биљана од Прилеп заврши со среќен крај.

Андоноска заврши среќно – таа е пронајдена жива. “Ви благодарам на секоја помош, Биљана е пронајдена, жива е”, напиша пред малку нејзината сестра на социјалните...

Селото Куратица по 21-ви пат подготвено за дружење со своите блиски роднини и пријатели …

Голем број на иселеници жителите и голем број на пријатели на Куратица повторно ќе имаат можност на блиска средба со своите, во родното огниште....

На 71-годишна возраст почина легендарниот борач Халк Хоган

Халк Хоган, една од најголемите ѕвезди во историјата на професионалниот кеч и човекот кој ја претвори Светската федерација за кеч (World Wrestling Entertainment) во...