9.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Државата да го одземе секој нелегално стекнат имот и да го...

Спасовски: Државата да го одземе секој нелегално стекнат имот и да го врати на граѓаните

Најважно е зголемувањето на довербата во институциите и подигнувањето на јавната свест кај граѓаните е тие да пријавуваат корупција, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Утрински брифинг“.

Тој рече дека работат на тоа секој имот кој е нелегално стекнт, државата да го одземе и да го врати на граѓаните.

„Секој еден од нас може да помогне во овој дел. Ако споредиме 2021, 2022 со 2023, од година во година имаме сериозно зголемување во делот на откривачка дејност за корупција. Како МВР, борбата против корупцијата ја ставаме во врвните приоритети и ги ангажираме сите расположливи ресурси и капацитети. Борбата против корупцијата е важна за да имаме напредок во општеството. Корупцијата ги јаде работните места, ги јаде инфраструктурните проекти, разорува комплетно сѐ во државата, а криминалците создаваат богатства кои ги стекнале на нелегален начин. Се водат финансиски истраги за сите кривични дела. Тоа го започнавме од 2017 година, со формирање на посебни оддели, и паралелно работиме, со секоја истрага да имаме и финансиска истрага. Оној имот кој е стекнат на нелегален начин да се одземе од страна на државата и да се врати на граѓаните”, рече Спасовски во емисијата „Утрински брифинг“.

Тој објасни дека од почетокот на оваа година до мај, од Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал, поднесени се четири кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување, против еден градоначалник и вработени во општината Неготино.

„Имаме кривични пријави против десет лица вработени во АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, за период 2021-2016, за сериозно оштетување на Буџетот од околу 45 милиони денари. Имаме реализирани акции во СВР Штип, СВР Охрид, СВР Битола, СВР Велес, а кривично се пријавени вкупно 20 лица. Па за ЈП „Национални шуми”, за превозници, во делот на дрвна маса и пустошење на шуми… понатаму, имаме кривични пријави за примање поткуп на граничните премини Богородица и Ќафасан“, изјави министерот Спасовски.

Разговарајќи на темата за спречување на корупција, Спасовски упати и апел до граѓаните да продолжат со трендот на зголемување на пријавите.

„Постои посебен телефонски број за анонимно пријавување на сите случаи на корупција. Апелирам, секој еден кој се вклучува во активност на барање поткуп и корупција, без разлика кој е, да биде пријавен и да сноси последици. Знаете дека минатата недела, во еден ден имавме два случаи на спречување корупција, по пријавување од страна на граѓаните и преку соработување – и двата случаи беа реализирани”, рече Спасовски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Митрополит Тимотеј

Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј денеска ја загуби битката за живот и почина во болница. Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј починал денеска на 73-годишна возраст. Тимотеј неколку дена бил...

Граѓани од Скопје бараат од надлежните да ги заштитат од агресивно куче

Во групата на ФБ „ Во одбрана на Буњаковец“ е објавен апек до надлежните за да ги заштитат од агресивно црно куче , кое...

Охриѓанка крадела по бутици во Гостивар

Вчера полицајци од Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во...

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...