14.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: На Ковачевски му кажав – Ајде во Влада заедно, но без...

Мицкоски: На Ковачевски му кажав – Ајде во Влада заедно, но без ДУИ!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

И покрај бројните шпекулации дека се обезбедиле 80 пратеници, 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ стојат на ставот дека уставни измени под бугарски диктат на ваков начин, под овие околности, ние нема да поддржиме. Тоа беше јасно кажано на денешната средба со господинот Ковачевски.

<

Оваа рамка е неприфатлива и за мнозинството граѓани. На денешната средба која траеше час и половина разговаравме за предлози кои што ги даде господинот Ковачевски, кој би го издвоил еден: Тој предложи во рамките на парламентот да отпочне дискусија и да се изгласа промената на Уставот, а потоа да биде формирана Влада во која што 10-ресори кои ги менаџира СДСМ, 5 да бидат дадени на ВМРО-ДПМНЕ, да отпочне процесот на преговори со ЕУ, да бидат завршени неколку поглавја а таа Влада да ги подготви парламентарните избори.

На оваа понуда дадов следен став: ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да влезе во Влада со СДСМ и со останатите политички партии, но без учество на ДУИ. Ние сме подготвени да учествуваме во истата, со тоа што избори подготвува техничка Влада, а евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе почне ратификација на пристапниот протокол на Македонија во рамките на ЕУ од парламентите на 27 членки. Тоа беше протоколкувано како кршење на преговарачката рамка, по што предложив предвремени парламентарни избори, за кои дадов три датуми како предлог, да се формира Влада на широко национално единство, во која нема да биде дел ДУИ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...