16.9 C
Ohrid
четврток, јули 4, 2024
ПочетнаМакедонијаНајвисок австралиски орден за Македонецот Коста Ангелков !!!

Највисок австралиски орден за Македонецот Коста Ангелков !!!

На македонецот Коста Ангелков деновиве му доделено високото државно признание на седмиот континент ,,Орден на Австралија”.

Осумдесет и девет годишниот Коста Ангелков од Перт, Западна Австралија вчера беше почестен за роденденот на Кралот Чарлс Трети со Орден на Австралија.

Коста овај Орден го добива како признание за неговата доброволна работа во Македонската заедница од 1955 година до денеска. Орденот доделен од австралиската држава е големо признание за Коста Ангелков, неговата фамилија и за целата македонска заедница во Австралија.

Коста Ангелков е роден 1934 год во легендарното село Д’мбени, Костур, Егејска Македонија.

Како дете бегалец на 14 годишна возраст бега од Егејска Македонија за да го спаси својот живот од војната во Македонија и по 8 год поминати во Романија Коста се среќава со родителите во Перт.

Татко му Ристо не го имал видено од неговата двегодишна возраст. На 22 години доаѓа во Перт, Австралија и веднаш станува член на Македонската заедница, објави македонскиот новинар во Австралија Ицо Најдовски – Перин.

Од 1955 година до сега Ангелков бил на следните функции:

Македонска заедница од Западна Австралија

• Претседател, 9 години.
• Потпретседател, 3 години.
• Секретар.
• Член, Управен комитет, 1955-1990 година.
• Член, Одбор за градење на црква, 1969 г.
• Член, Комитет за обнова на Центарот на Македонската заедница, 1976 година.
• Член, Комитет за купување и градење на спортскиот комплекс Македонија Парк, 1980-та.
• Член на Македонскиот комитет за социјална заштита.
• Член, Македонски православен црковен хор, 12 г.
• Член на Управниот комитет, MyVista (поранешен дом за етнички стари лица во Стирлинг), 1980-та и доживотен член од 1978 година.

Ресурсен центар за мигранти од Северен Перт

• Основачки член, 1980 г.
• Заменик-претседател, привремен комитет.
• Благајник на Советот на етничките заедници на Западна Австралија

• Потпретседател, 2 години.
• Член, Извршен комитет, 1984-1992 година.

Професионална кариера

• Прв човек во Западна Австралија на компанијата Transformers Pty Ltd, 1950-1960.
• Директор, Bridgeton Pty Ltd, 30 години.

https://www.gg.gov.au/australian-honours-and-awardsorder-australiarecipient-profiles/costa-angelkov-oam

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пријава против полициски службеник кој го обезбедувал домот на Заев: Го напуштил работното место и пукал со пиштол

МВР поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, против полицаец вработен во ПС Струмица, кој бил на службена должност како...

Славјанка: Тргна возот, ВМРО ја врати оградата, следно е името…

Откако Владата на ВМРО-ДПМНЕ објави дека ќе ја враќа железната ограда пред објектот на Владата, а која беше извадена од страна на СДСМ, ...

Коце Трајановски ќе раководи со државните патишта

Владата го назначи Коце Трајановски за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Одлуката беше потврдена од страна на Управниот одбор на ЈПДП. Тој доаѓа...

Во Скопје дрво падна врз жена која се движеше по тротоар, жената остана заробена под гранките !!!

Жена остана заробена под гранките на дрвото кое паднало врз неа кога почнало силен ветер во Скопје. Случајни поминувачи, а потоа и пожарникарите успеаја да...