10.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Македонија сите сакаат да бидат директори отколку овчари, и покрај платата...

Во Македонија сите сакаат да бидат директори отколку овчари, и покрај платата од 1.000 евра !!!!!

Во Македонија полесно е да најдеш директор отколку овчар.

Секој може да биде овчар, ама не се нафаќа и покрај тоа што нудиме храна, сместување, цигари и чиста плата која се движи од 500 до 1.000 евра. Платата зависи од бројот на стадото и од тоа дали ќе ги молзе овците. Апелираме до државата ако сака да се задржи сточарството да овозможи увоз на работна сила од Индија, вели за ВЕЧЕР, Митко Јанков, претседател на здружението на сточари „Агроцентар“

Сточарите мака мачат да најдат овчари. Велат дека и покрај високата плата што ја нудат, од 500 до 1.000 евра месечно, никој не се нафаќа да чува овци, крави… За да се реши проблемот кој постои подолго време, тие бараат државата да овозможи увоз на работна сила и во сточарството. Порано во Македонија доаѓаа овчари од Албанија, но сега и тие бегаат во Германија, Швајцарија, Италија, Хрватска… кои нудат повисоки плати.

– Во Македонија полесно е да најдеш директор или менаџер, отколку овчар. Секој може да биде овчар, ама не се нафаќа и покрај тоа што нудиме храна, сместување, цигари и чиста плата која се движи од 500 до 1.000 евра. Платата зависи од бројот на стадото и од тоа дали ќе ги молзе овците. Секако доколку ги молзе овците платата е повисока. Секој сака да работи 8 часа, додека овчарството бара 24 часа работа. Тоа е тешка работа, бидејќи е далеку од луѓето, во планина, само со овците, вели за ВЕЧЕР, Митко Јанков, претседател на здружението на сточари „Агроцентар“.

Освен овчари има недостиг и од мандраџии и работници за преработка на млеко и производство на сирење. Поради недостигот на сточари и во европските земји сега ги нема и овчарите од Албанија кои избегаа во Германија, Швајцарија, Италија, Хрватска… за повисоки плати.

– Голем дел од сточарите имаат проблем со наоѓање овчари. Апелираме до државата ако сака да се задржи сточарството да овозможи увоз на работна сила од Индија. Индијците се вредни луѓе и би сакале да работат како овчари. Ние ќе ги обучиме и ќе им дадеме храна, плата, сместување… Порано ангажиравме овчари од Албанија, но тие не се сигурни бидејќи често знаат да си отидат од државата и да не се вратат – додава Јанков за vecer.press

Единствен проблем е што за работната сила којашто се ангажира во сточарството не се плаќа здравствено осигурување, но за сметка на тоа платата е повисока. Меѓутоа, голем дел од овчарите кои работат во државата се или пензионери или социјални случаи кои не сакаат да бидат осигурени.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...