11.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаЛатас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Основниот кривичен суд, новинарот Драган Павловиќ Латас и инфлуенсерот Стефан Лазаров, обвинети за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ денеска изјавија дека не се чувствуваат виновни за делото што им се става на товар.

<

Латас пред Судот рече дека не се чувствува виновен и дека обвинението е тенденциозно.

– Не се чувствувам виновен за поднесеното обвинение бидејќи сметам дека е тенденциозно, под притисок на мала група луѓе кои себе се дефинираат како јавност, во соработка со директорот на јавната полиција, односно Бирото за јавна безбедност и премиерот Димитар Ковачевски кој заедно со претходно спомнатите, однапред, и пред да се донесе обвинението, обвинија и јавно пресудија, рече Латас.

Не се смета за виновен бидејќи, како што рече, во самото обвинението се цитира реченицата во која е нагласен мотивот за да се напушти средината со такви појави.

– Исто така, не се сметам за виновен, бидејќи ниту во самата емисија, која раскажува животен пат на момче од сиромашна средина, до ниво на познат и признат новинар, постојат разни фази, случки и мотиви да се напушти таа средина и оствари нешто ново. На крај, токму реченицата која се цитира во обвинението е нагласен мотивот за да се напушти средината со такви појави и се премине на нешто друго, друг живот, рече тој.

Обвинетиот Стефан Лазаров, исто така, изјави дека не се чувствува виновен.

– Самите две минути, според мене, се извадени од контекст. Сметам дека треба да се помине целата емисија за да се увиди мотивот на гостинот. Искажан став не значи и искажана ситуација која што се случила некогаш во неговиот живот, а моето смеење на истата не значи дека оправдувам и промовирам насилство врз жени, рече тој.

Рочиштето продолжи со изведување на докази од Обвинителството при што беше изведен делот од подкастот на кој обвинителството го темели обвинението.

Според обвинетиот Латас, овој доказ не е целосен бидејќи недостасува целата емисија во која се состои контекстот.

Како што рече, обвинителот не може да оценува и проценува што е смеење.

– Какво е тоа смеење и кои се целите на тоа смеење, што спаѓа во рамки на друга струка за која вообичаено и во процеси на клевета, се бара мислење од стручно лице психолог или психијатар кој оценува дали и какви смеење има, вели тој, нагласувајќи дека тоналитетот на неговото смеење бил ист низ целата емисија, како и во конкретниот дел изведен од обвинителството.

На ова обвинителот одговори дека при изведувањето не извршил проценка на нивното смеење, туку само навел дека тие се смеат.

Според обвинението, двајцата обвинети, преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.

– Првообвинетиот, гостувајќи во интервју објавено на 14 февруари како поткаст на Јутјуб канал на второобвинетиот, јавно промовирал чин на полово насилство, евоцирајќи спомени од неговото наводно минато, без да изнесе морална осуда или каење, со тоа свесно промовирајќи го таквото насилничко однесување. Второобвинетиот, иако бил свесен за влијанието што го има содржината што ја емитува особено меѓу младата популација, сепак не го спречил или прекинал соговорникот, туку дополнително го наведувал со коментари и потпрашања да го прераскажува спорниот настан, стои во соопштението на обвинителството.

На Латас, Кривичниот суд му одреди превентивна мерка заради присуство, односно привремено одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал, додека на Лазаров му одреди забрана за јавен настап.

Според Кривичниот законик, тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, како и верско уверување, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е обвинителот Даниел Коцев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...