24.9 C
Ohrid
четврток, јули 24, 2025
ПочетнаМакедонијаМинистерот за здравство не знаел дека се потребни пари за лекувањето на...

Министерот за здравство не знаел дека се потребни пари за лекувањето на Кико

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Надлежните се правдаат, јавноста збеснува. Случајот со 20 годишниот Кристијан Коцев кој се бори со многу ретка и тешка болест ги крена на нозе сите, но не и најповиканите кои велат дека знаеле за случајот ама не знаеле дека биле потребни финансии за лекување на младото момче. Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека до неговиот кабинет ниту до ФЗОМ не стигнало барање за лекување и затоа не постапиле. Но и да е така, зошто не реагирале по допрен глас? Министерот без конкретен одговор.

<

– Да разјасниме, тој нема поднесено барање до надлежните институции. Тој случај досега не се лекувал во јавно здравје. Четири – пет години не биле на преглед. Така што, ние не знаеме што се случува. Ова се државни институции здравствени и треба да има службено барање за да се разгледува, изјави Меџити на новинарско прашање зошто како Министерство за здравство, како и Фондот за здравствено осигурување, не понудиле некоја помош за лекувањето на Коцев. – вели Фатми Меџити, министер за здравство.

Додека надлежните спијат, парите за лекување на Кристијан се собраа од донации на граѓани и фирми. За само четири дена се донирани повеќе од 50.000 евра за Кико да биде лекуван со матични клетки во Истанбул. Семејството јавно се заблагодари.

-Бескрајно сме ви благодарни на сите што бевте со нас. На сите што дадовте сè од себе за Кико. Кико На сите ви испраќа бакнежи и ве сака. Молете се за него да биде добро и да е среќен. Борбата продолжува, ќе се избориме сите заедно. – објави семејството на Кико- Пишува Алфа Тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка, овозможил доградба без важечко одобрение!

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, се најде под удар на законот само неколку месеци пред локалните избори – против него е поднесена кривична...

Крв на сите страни: Тепачка во авионот на Рајнер, на релација Загреб Малме.

Вербална расправија која прераснала во тепачка се случила ноќеска во авион на „Рајанер“ кој летал на релација Загреб – Малме. На општо изненадување на...

Алијансата за Албанците го обвини Азир Алиу дека не го почитува Преспанскиот договор

Во јасна демонстрација на кршење на Уставот и важечките закони, Министерството за здравство вчера го одбележа отворањето на Здравствениот дом во Илинден со две...

Скопјани не сакаат доброволно да гасат пожари – Пријавени само 50 доброволци

Вчера истече огласот за владината мерка за справување со пожарите на кој се бараат 400 невработени за помош при гаснењето на пожарите низ земјава...