27.9 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонија19 годишниот Никола Ѓорѓиев кој боледува од рак на коски од денеска...

19 годишниот Никола Ѓорѓиев кој боледува од рак на коски од денеска ќе работи во Општина Гази Баба

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

19 годишниот Никола Ѓорѓиев кој боледува од рак на коски од денеска ќе работи во Општина Гази Баба, информираат од прес службата на Општина Гази Баба. Оваа вест на Никола му ја кажал Стефковски, а за ваквиот потег градоначалникот информираше и на Фејсбук.

<

„МЛАДИОТ НИКОЛА ЃОРЃИЕВ ОД ДЕНЕС ЌЕ РАБОТИ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА!

19 годишниот Никола Ѓорѓиев од Црешево за кого во хуманоста се обедини цела Македонија од денес ќе биде мој соработник во општинската администрација на општина Гази Баба.

Кога прв пат го сретнав Никола, запознав еден млад човек, полн со живот, кој ми кажа дека по сите предизвици со кои се соочил во животот, сака да се вработи и да биде самостоен човек.

Таа желба на Никола од денес станува реалност. Никола ќе биде дел од мојот тим и ќе има можност да даде свој придонес во напредокот на општина Гази Баба.

Што се однесува до лекувањето на Никола, тоа се одвива согласно утврдениот протокол и тој на 17ти Јули, треба да замине за Турција со цел примање на четвртиот дел од терапијата.

Никола, кога те запознав ти кажав дека во мене низ целиот твој живот ќе имаш пријател и сојузник. И тоа ќе остане така!

За мене нема ништо повредно од тоа кога знам дека со одредена моја постапка, сум причината за нечија среќа“. – пишува Стефковски на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

-„Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна“,...

Бујар Салиу е новиот Помошник началник на СВР Битола

Битолчанецот Бујар Салиу, долгогодишен полициски службеник е новиот Помошник началник на СВР Битола, односно заменик на началникот на СВР Битола - Сашо Мирчески....