19.9 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПо кој знае кој пат свечено министерот повторно ја пушти во употреба...

По кој знае кој пат свечено министерот повторно ја пушти во употреба фамозната автопатска делница Требеништа Охрид-Но наместо во 4 лети, ќе се вози повторно само во две !!!!

Охрид ќе добие автопат на Свети никогаш, го блокираа цел сообраќај кон Охрид, го посочија стариот пат за Охрид со образложение: „За да се изгради експресно автопатската делнилца Подмолје – Охрид, сообраќајот ќе биде насочен по стариот пат за Охрид. Овој дел од автопатот ќе биде готов до Петровден…“

Денес во 11 часот министерот за транспорт и врски на потегот кај Св. Еразмо пред Охрид по кој знае кој пат свечено ќе ја пушти во употреба фамозната автопатска делница, но наместо по автопатот кај што ни јавуваше Бочварски повторно ќе се вози по една коловозна лента во два правци, додека од другата автопатска лента повторно ќе се изведуваат градежни работи до недоглед?!

Но, будалијата да биде уште поголема од денес се најавува ревитализација на патниот правец Охрид – Св. Наум каде генијалците од Министерството за транспорт и врски и ЈПДП да го затворат патниот правец Охрид – Св.Наум на Охрид во сред сезона?!

Комплетно нејасно е како ќе се движат жителите кои гравитираат на овој потег како и бројните туристи, приватните сместувања, камповите, рестораните, но за ова треба да почекаме во текот на денешниот и утрешниот ден.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...

Данела пак го искара Талат: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

Кавгата на релација технички премиер Талат Џафери-скопска градоначалничка Данела Арсовска продолжува. Причина е тревата, која се уште не е искосена. Арсовска напиша: “ВД Премиерот Талат...

Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, во спротивно ќе има проблеми во односите и со Грција...

Сакам уште еднаш да испратам порака со предупредување до новата Влада, да ја смени позицијата и да го користи само името Северна Македонија во...

Полициски службеник фатен со над 10.000 евра мито, се испитува кај кого требало да завршат парите

Овластено службено лице, вработена како Виш аналитичар во скопска полициска станица е лишено од слобода под сомнение за сторено кривично дело измама со обележани...