13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски делеше вода на патниците на „Меџитлија“

Спасовски делеше вода на патниците на „Меџитлија“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во текот на вчерашната работна посета на Битола во рамки на проектот на МВР „Отворен Кабинет”, во кој министерот Спасовски во СВР Битола реализираше средби со граѓани, тој го посети и Граничниот премин Меџитлија, каде што оствари работна средба со раководството на Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија и на Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, со цел запознавање со состојбите на овој граничен премин и на Регионалниот центар, генерално, имајќи ги предвид евидентираните податоци од полициските станици за надзор на државната граница, полициските станици за гранични проверки, како и одделенијата и отсеците кои се во состав на РЦ за ГР Југ.
Во однос на прометот на патници на јужната граница, истиот е зголемен, споредбено со истиот период од 2022 година и тоа за 32%. На ПС за ГП и ГН Меџитлија поминале 669.371 патници, што во споредба со истиот период од 2022 година претставува зголемување од 60%.

<

Од страна на раководството на РЦ за ГР „Југ“ министерот Спасовски беше информиран за состојбата на границите во текот на првото полугодие од 2023, при што откриени се 60 кривични дела и 896 прекршоци по разни основи.

Во делот на илегалната миграција, РЦ за ГР „Југ“ има откриено 4.626 илегални мигранти во ова полугодие, при што забележана е тенденција на намалување на обидите за 40% за разлика од истиот период лани.

Во делот на крумчарење мигранти откриени се 27 случаи во обид да се прокриумчарат 243 илегални мигранти, при што се поднесени 20 кривични пријави против 28 сторители.

Во првото полугодие во 2023 година откриени се и 13 фалсификувани документи и послуга на туѓа патна исправа.

Исто така, преземени се мерки и активности за спречување на бесправна сеча и транспорт на дрвна маса, при што откриени се 20 случаи за бесправна сеча и транспорт на дрвна маса, а по оперативна акција за спречување на недозволена трговија со дрога, само на јужната граница пронајдени се и одземени 5 кг марихуана.

Министерот Спасовски го изрази своето задоволство од високите резултати на овие организациони единици, а доби уверување дека вработените ќе продолжат интензивно да постапуваат по активностите на Министерството и оперативните акции на БЈБ, претендирајќи кон уште подобри резултати во насока на унапредување на безбедноста на сите граѓани.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Хрват обвинет за силување овца, кобила и мртва кокошка: Ги признал сите дела

Уште еден маж е обвинет за силување животни во Славонија. Според Нови лист, Општинската канцеларија на државниот обвинител го обвини 43-годишниот невработен градежен работник за...

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство!

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство! Денес, во срцето на општина Пустец, Р. Албанија, се одржа македонскиот фестивал што уште...

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...