18.5 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицијата ќе казни родители на 13 малолетници оти после полноќ биле затекнати...

Полицијата ќе казни родители на 13 малолетници оти после полноќ биле затекнати во казина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Доцна синоќа, од извршени контроли во 22 спортски обложувалници, 10 казина и еден угостителски објект, како и контрола на парковите во централното градско подрачје на Прилеп, Битола и Скопје, затекнати биле 13 малолетници без надзор на родител после 24 часот, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

<

„Малолетниците биле предадени на нивните родители, по што ќе следат соодветни поднесоци“, велат оттаму.

Оваа акција е дел од проектот „Безбедно лето 2023“, во која полициски службеници контролираат присуство на малолетни лица во спортски обложувалници, казина и на јавни простори после полноќ.

Од МВР информираат и дека во Битола ноќеска околу 1 часот по полноќ, кај „Јени Џамија“ биле затекнати лицата З.И., Ѓ.М., Љ.М. и С.Џ, сите од Битола, кои што непристојно се однесувале на јавно место и за нив ќе има казни.

„Исто така, во угостителски објекти на подрачјето на Битола со инструмент фонометар била вршена проверка на јачината на бучавата, при што бил констатиран прекршок во угостителски објект во централното градско подрачје и ќе следува соодветен поднесок. На 22 јули, ваква контрола била извршена од полициски службеници на СВР Скопје, во угостителски објекти и казина на подрачјето на Центар, Кисела Вода и Аеродром, при што извршени се прегледи на 20 лица, а констатиран е еден прекршок од Законот за приватно обезбедување“, информираат во МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...