17.2 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЕвгениј Поп Ацев, не успеа да стане петтиот Македонец кој го препливал...

Евгениј Поп Ацев, не успеа да стане петтиот Македонец кој го препливал каналот Ла Манш

Шампионот во маратонско пливање, Евгениј Поп Ацев, не успеа да стане петтиот Македонец кој го препливал каналот Ла Манш, откако информираше дека поради ладната вода не успал во одвој подвиг.

Денеска пробав да го испливам каналот Ла Манш и не успеав. Иако последниве години имав проблеми со пливањето и со здравјето сепак се надевав дека ќе соберам сила и ќе можам. Имав голема желба и сила и добро пливав, но ладната вода ме победи т.е. го победи моето тело кое отсекогаш лошо се справувало со ладна вода. Иако разочарувањето е големо и ќе ми треба подолг период да го пребродам овој неуспех сепак сум среќен што пробав и собрав уште едно искуство (макар и лошо) и што ќе можам дома да се вратам жив и здрав“, информираше Евгениј Поп Арсов на Фејсбук.

Досега само четворица македонски пливачи успеале да го препливаат Ла Манш, меѓу кои се Нико Нестор во 1959 година, Атина Бојаџи во 1969, Томи Стефановски во 2009 и Игор Димовски една година подоцна.

Поп Ацев беше најдобар во светот во 2015, 2017 и во 2019 година, а пред осум години стана и првиот Македонец кој победил на традиционалниот Охридски маратон.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ален Деребан: Почитувани стружани, во среда има прегласување, не далат само 300 гласа за уште еден пратеник !

Почитувани стружани, Врз основа на одлуките донесени од Државната изборна комисија (ДИК), потврдени од Управниот Суд, на ден 22.05.2024 година (среда) гласањето ќе се повтори...

Трагично згасна животот на 18 годишен матурант во Македонија

Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“- Тетово со емотивна објава се прости од својот матурант Елдон Шабани чиј живот згасна на трагичен начин. – Со...

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија!

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија! Марија со нејзините родители Игор и Бети Кирески со потекло од Гостивар, живеат...

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...