23.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЦаринската управа доби куче – трагач кое ќе открива наркотици, оружје и...

Царинската управа доби куче – трагач кое ќе открива наркотици, оружје и пари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сузбивањето на организираниот криминал и сивата економија е еден од клучните приоритети на Царинската управа. Во оваа борба царинските кучиња се од особена важност и успешно се користат при спречувањето на нелегален транспорт на наркотици, оружје и пари, велат од царинската управа.

<

Делегација на Царинска управа предводена од директорот Стефан Богоев и заменик директорот Муарем Асани присуствуваше на последниот дел од обуката на царинско куче донирано и обучувано од страна на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

Кучето кое е од расата лабрадор (црвена лисица), како што информираат од управата, успешно ја заврши специјализираната обука за откривање на пари, дрога и оружје. Со ова Цариснката управа располага со 5 кучиња трагачи кои на царинските службеници им го олеснуваат секојдневното работење, учествуваат во повеќе откривачки акции кои се со успешна реализација.

Директорот Богоев присуствуваше и на практична вежба на Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, каде беше демонстрирано откривање на недозволена трговија од страна на мобилните тимови со помош на царинските кучиња во реални услови.

Богоев изрази благодарност до Германското друштво за меѓународна соработка за досегашната поддршка и истакна дека Царинската управа е подготвена за понатамошно интензивирање на соработката во овој домен бидејќи благодарение на исклучителните способности на кучињата трагачи покрај што им се олеснува работата на цариниците, значително се подобруваат резултатите при спречувањето на шверцот и недозволената трговија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мерко прогласен за невин за аудито вредно 67 илјади евра

Кривичниот суд во Струга го ослободи од обвинение актуелниот градоначалник на оваа општина, Рамиз Мерко, кој се гонеше за луксузниот автомобил „Ауди“ вреден 67...

Проширена истрагата за трагедијата во Кочани: Приведен е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ

Александар Нацев од ВМРО=ДПМНЕ е сопственикот во позадина на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за кого е проширена истрагата на Јавното обвинителство за пожарот во...

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...