10.9 C
Ohrid
понеделник, септември 16, 2024
ПочетнаМакедонијаЗагинатите кај Крушево се од едно семејство – мајка и дете починаа,...

Загинатите кај Крушево се од едно семејство – мајка и дете починаа, таткото и две деца повредени

33 годишна мајка и нејзиното малолетно дете загинаа во сообраќајна несреќа која вчера се случи на патот Крушево- Кривогаштани.
Во автомобилот „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки било цело семејство од прилепското село Канатларци, мајката, таткото и три малолетни деца.

Од засега непознати причини автомобилот излетал од патот.

Мајката, 33 годишна била пренесена во болницата во Прилеп, но им подлегнала на повредите.

Малолетното дете било итно препратено за Скопје, но починало по пат.

Таткото и другите две деца имаат тешки телесни повреди.

Во официјалното соопштение од МВР се вели дека несреќата се случила во 17 часот.

„На 02.08.2023 во 17.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Крушево-Кривогаштани, на место викано „Студена вода“, патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(35) од с.Канатларци, прилепско, излетало надвор од коловозот. По несреќата во Општата болница Прилеп биле пренесени сопатниците Џ.С.(33) од с.Канатларци, која во болницата им подлегнала на повредите, и малолетен сопатник кој бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, но при транспортот починал, а смрт констатирал лекар. Додека со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште двајца малолетни сопатници. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крушево.“ се вели во соопштението од МВР

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Скопје: Постариот брат го тепал помалиот, а помалата сестра ја претепала постарата..

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени два случаи на семејно насилство во едниот постариот брат го тепал помалиот во вториот случај помалата сестра...

Владата пресече: Протестна нота поради отсуство на македонското знаме во Бугарија

Само една седмица откако ги предаде копиите од акредитивните писма, бугарскиот амбасадор денеска повторно беше во Министерствто за надворешни работи. Овојпат за тој да...

Штипската Миа Калифа по само 9 дена исфрлена од реалното шоу

Моника Станојкова по само 9 дена од влегувањето во реалното шоу “Елита 8” синоќа на првата елиминација беше кандидат со најмалку гласови од публиката. Нејзиното...

Велешкиот кајакар Кристијан Лазаров државен јуниорски првак

Во поединечна конкуренција на Државното првенство во кајак на мирни води што викендов се одржа во Струга, Кристијан Лазаров член на ККК „Арка-Борец“ од...