11 C
Ohrid
сабота, мај 11, 2024
ПочетнаМакедонијаПензионерите во Македонија се пожалија: Лубеница уште не сме пробале, на внуците...

Пензионерите во Македонија се пожалија: Лубеница уште не сме пробале, на внуците не можеме чоколадо да им купиме!

Се уште не пробале лубеница ова лето, а ниту можат да им купат чоколадо на своите внуци, велат пензионерите на вчерашниот протест во Жена Парк на кој бараат покачување на минималната пензија со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии побараа пензионерите.

поред нив, моменталната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот.

– Најмалку 25 илјади денари да биде минималната пензија. Струјата е покачена, парно, вода, телефон се е покачено. За храната да не зборувам. Уште немаме лубеница пробано, а да не зборувам за сирење и кашкавал. На внуците не можеме чоколадо да им купиме. Не може да се издржи месецот, ништо не останува од парите што ги добиваме, вели пензионерката Вера Стојановска која добива пензија од 12.000 денари.

На протестот беа прчитани барањата за покачување на минималните пензии, а беше упатена и критика кон власта, бидејќи, како што рекоа, функционерите покачувањата нанивните плати го направија брзо, а за пензиите бил долг патот.

– Првото барање е што поскоро да се покачи минималната пензија и да биде на висина на минималната плата. Покачувањата да бидат линеарни, а не процентуални, сите да добијат по 3.500 денари. Да нема разлика. Пензионер е пензионер, не допринесува повеќе и нема потреба да се прави категоризација на покачувањето. Па продавниците се исти за сите, здравствените услуги исти, цените за сите се исти, нема потреба од разлика. Досегашните пензии не задоволуваат ни за едно обично нормално живеење.

Гласот на пензионерите ќе се слушне уште повеќе, неиздржливо е и не може да се живее со толку малку пари. Не можат да си купат лекови, не можат да се прехранат а огромен луксуз е да се појде на одмор. Велат долг бил патот, а за да си изгласаат за нив 78 проценти патот беше краток. Како јапонски воз брзо изгласаа за нивните плати. Е не се издржува повеќе, чашата е прелеана – истакна пензионерите од Скопје и најавија заеднички протест на сите пензионери од Македонија на 14 август.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

10 лица од Непал вработени во тетовски ресторан преку ноќ побегнале !!

Вчера во 13.30 часот во СВР Тетово, Б.И.(29) од тетовско Долно Палчиште, менаџер во угостителски објект во Тетово, пријавила дека од објектот се оддалечиле...

37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“,

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”. - На ден 11.05.2023 година на ул....

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда. Тој објасни...

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ПО ПОРАЗОТ: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и...