Централниот регистар ја впиша струмичката градежна фирма „Синерџи груп инженеринг ДОО“, основана лани, како сопственик на телевизијата
Една од најстарите локални телевизии во земјава, ВИС, која од 2013 година зрачи како регионален медиум на југоистокот од земјава, од пред една недела има нов сопственик, пишува порталот „Призма“.
Централниот регистар ја впиша струмичката градежна фирма „Синерџи Груп Инженеринг ДОО“, основана лани, како сопственик на телевизијата.
А сопственици на фирмата, која, од сега веќе претходниот сопственик Јанко Мицев, ја купи телевизијата се Васко Јорданов и Никола Милушев.
Никола Милушев е зет за сестра на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.
„Синерџи Груп Инженеринг ДОО“ е косопственик на уште две други нови фирми што влегле во бизнисот со струја „Еко солар енерџи“ и „Солар груп енерџи“.
Покрај уделот во Синерџи груп, Милушев има удел и во уште една градежна компанија „Елит билдинг“ основана минатата година, а косопственик со Јорданов е и на автошколата „Сити старт“, исто така регистрирана во 2022 година.
Таткото на Милушев работи во Општина Струмица.
Моментално, ТВ ВИС, како регионална телевизија, емитува програма за околу 200 илјади гледачи на територијата на општините Струмица, Босилово, Василево, Ново Село и Радовиш.
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.