1.9 C
Ohrid
среда, декември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаСтрушко село само си направило пат со помош од иселениците !!!

Струшко село само си направило пат со помош од иселениците !!!

spot_img

Жителите на струшкото село Мислодежда со сопствени средства и со донации од печалбарите во странство го направија патот кој води кон нивното село. На иницијатива на месната заедница се реализира целата работа за отворањето на патот, почнувајќи од расчистување на местото до тампонирање. Државата им помогнала само за асфалтот.

„…Целата работа ја работеа печалбарите, уривање, тампонирање, учествуваа сите печалбари од селото. Собрани се околу 30.000 евра“, рече Идриз Мена-претседател на месна заедница во Мислодежда.

Неколку поединци ги отстапиле и своите приватни имоти за оваа намена. Таков е примерот со Авди Мена, кој отстапил цел хектар приватно земјиште.

За честа на селото, ви даваме земја, ги честиме и им благодариме на нашите поранешни соселани, бидејќи сега се преселивме во Ливада“, рече Авди Мена- сопственик на земјиштето каде што се гради патот.

Иако Миследежда е планинско село, располага со добра инфраструктура, но имаат друга мака.

„…Ако зборуваме за она што го засега селото, тоа е масовната миграција. Тоа е рана која го зафати општеството на нашата земја, но таа рана нè погодува и нас и ни остава очигледни последици“, рече Агим Мета-жител на Мислодежда.

Дека овде помошта од иселениците не е само преку летото, зборува и фактот што пензионерот од Швајцарија, Љуљзим Мена, секоја зима со свои средства и машини ги чисти патиштата низ струшките села од снег. Додека надлежните од државата стигнат до селата, тој веќе ги има исчистено патиштата.

Tv:Alsat Мики Трајковски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Курто Дудуш ги повика скопјани Новата Година да ја дочекаат во Шуто Оризари

Градоначалникот на Шуто Оризари ги повика скопјани на 31 декемри да дојдат на плоштадот во општината, најавувајќи богата музичка програма. „Покрај недостатокот на елементарна способност...

Повторно избувна скандал: Тијана се брани дека некој и го сменил текстот за Дачиќ.

Многу ми е жал што случајно излегов на сцена со текст кој е сменет без мое знаење“, порача Тијана Тодевска Дапчевиќ по, според дел...

Газда за пример: По 670 евра за секое новороденче, а 1000 евра за секој што се враќа од странство

ДИВ Групацијата на претприемачот Томислав Дебељак е пример за компанија која вистински се грижи за своите вработени “Не е се во профитот“ – изјави Томислав...

АХВ изврши надзор – во новогодишни пакетчиња за деца пронајдени производи со поминат рок

Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување на новогодишни пакетчиња, маркети и продавници...